Сара Мејс им подари химна на сите Хероини, кои секојдневно се борат со животните предизвици
Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната.
Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс, за аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, зад спотот се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска.
Видео записот во целост ја доловува целата приказна, благодарение на сите хероини кои се дел од спотот и кои секојдневно се борат со животните предизвици, а во исто време мотивираат и охрабруваат. Во спотот учествуваа голем број жени од македонската јавна сцена, односно Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Тамара Котевска, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Милица Џаровска, Ирина Камиловска, Лејла Рамковска, Ем Вандера Блажеска, Цеце Николовска, Катерина Попева, Ирина Атанаскова, Ева Богоевска, Христина Накевска, Фросина Ангеловска, Ивана Хаџиванова и уште многу други хероини, кои со задоволство прифатија да бидат дел од проектот.
Како и во сите претходни музички проекти, така и во песната „Хероина“, преку текстот и музиката, Сара Мејс изразува силна емоција, овојпат посветена на секоја жена, девојка, мајка, ќерка.
Во песната е опеана самодовербата, силата, упорноста и борбеноста на жените во секое поле, односно нивната величенственост.
Со „Хероина“, Сара Мејс одново ја докажа својата посветеност кон нејзиниот музички стил, како и кон нејзината многубројна публика, затоа што и овој проект е одраз на автентична музика, текст кој заслужува особено внимание и инспиративен видео запис, кој ќе остане запаметен.
„Хероина“ е одраз на силна жена, која секојдневно се бори со силна волја за тоа што го сака и која непрекинато учи како да стане, после многубројните падови што ни ги носи животот. „Хероина“ е секоја од вас, затоа слушнете ја песната и уживајте во видео записот, кој со сигурност ќе ви предизвика бура од емоции