Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Книги што идеално ќе се вклопат со амбиентот на плажа (I дел)

Време е за одмор, сонце, вода и плажа, а ништо не носи мир во душата како добрата книга. Веруваме дека ќе понесете барем неколку за читање за време на вашиот летен одмор.

Knigi-sto-idealno-ke-se-vklopat-so-ambientot-na-plaza-01.jpg

Доколку се двоумите што да понесете во куферот, ви ги носиме првите три предлози за книги кои совршено ќе се вклопат со амбиентот наречен плажа:

Розата што убива – М. Дели

М. Дели е псевдоним на таинствените автори – сестрата и братот Жана Мари и Фредерик Петижан. Главните ликови, двете убави сестри, се лишени од секое добро на овој свет. Остануваат сами, незгрижени и без заштита.

Махолт не е борбена. Таа е колеблива, површна и тешко дека би успеала ако не се потпира на својата сестра Гема. Додека бараат работа, судбината ги води во стариот замок на аристократската фамилија де Кампарен.

 Извонредна романтична крими приказна, со одлични изградени ликови, сите посебни, таинствени и сомнителни на свој начин.

Knigi-sto-idealno-ke-se-vklopat-so-ambientot-na-plaza (1).jpg

28 лета – Елин Хилдербранд

Кога Линк, синот на Малори Блесинг, ќе добие барање од мајка си да се јави на еден телефонски број испишан на парче хартија во нејзината фиока, не знае што да очекува. 

Но сигурно не очекува дека ќе се јави Џејк Мекклауд. Доцна пролет е во 2020 година и сопругата на Џејк е кандидатка за претседателските избори. Мора да е грешка, помислува Линк.

Од каде би се познавале Малори и Џејк? Кратката летна викенд-романса од пред дваесет и осум години се претворила во афера што трае исто толку време.

Малори и Џејк се сретнуваат еднаш годишно, на само еден викенд, и тоа на исто место и во исто време.

Knigi-sto-idealno-ke-se-vklopat-so-ambientot-na-plaza (2).jpg

Клетва – Јелена Бачиќ Алимпиќ

Кога Втората светска војна ќе пристигне на портите на мирното банатско село, идиличниот живот на семејството Станимировиќ ќе се промени од корен.

Таткото Јован е принуден да се вклучи во борбата против окупаторот, а најстарата ќерка Душанка му дава завет дека ќе направи сè за да ја заштити мајка си и трите помлади сестри.

Во тоа ќе ѝ помогне баба ѝ Радојка, надалеку позната по своите моќи и напивки.

Дали вистинскиот завет е клетва која ќе се вгнезди во нивните животи? И покрај сите ужаси и страдања, само со љубов може да се слави животот и да се живее, секогаш и засекогаш.

Knigi-sto-idealno-ke-se-vklopat-so-ambientot-na-plaza (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што читаа познатите Македонки на плажа во лето 2024? Што читаа познатите Македонки на плажа ова лето? Кои се нивните книжевни препора...
3 одлични романи за на плажа (наменети за романтични души) Сонце, вода и добра книга. Ви препорачуваме 3 одлични изданија, што можете да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg