Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По „Дете 44“, нов возбудлив роман на Том Роб Смит и уште 2 совршено добри трилери

Том Роб Смит, авторот на Дете 44, ни се враќа со напнат, неизвесен нов трилер. Сите кои ја прочитале „Дете 44“ сигурно знаат за каков вонсериски талент станува збор, што значи не смеете да ја испуштите неговата нова книга.

Nov-vozbudliv-roman-na-Tom-Rob-Smit-01.jpg

Доколку сте љубители на жанрот, ви нудиме уште 2 совршено испреплетени напнати трилери:

Тајниот говор – Том Роб Смит

Советски Сојуз, 1956. Сталин е мртов, а жестокиот режим почнува да попушта, оставајќи зад себе општество во кое полицајците се криминалци, а криминалците се невини луѓе.

Таен говор напишан од страна на наследникот на Сталин циркулира низ целата нација. Неговата порака е: Сталин беше тиранин. Неговото ветување: Советскиот Сојуз ќе се смени.

Лео Демидов, поранешен агент, исто така се труди да се смени. Двете млади девојчиња кои тој и неговата сопруга ги имаат посвоено сè уште му немаат простено за неговата улога во смртта на нивните родители.

Сега кога вистината е на виделина, Лео и неговото семејство се во страшна опасност од некој кој е опседнат со мрачните нешта од поранешната кариера на Лео.

Nov-vozbudliv-roman-na-Tom-Rob-Smit (3).jpg

Кој го уби султанот? – Ајше Кулин

Впечатлив поглед на Ајше Кулин на последниот период на отоманското владеење.

Крајот на еден период, кој завршува со таинствената смрт на султанот Абдулазиз, виден низ очите на многубројни важни личности во дворот.

Кулин понекогаш на сите ликови им се приближува со една извонредна човечна чувствителност, понекогаш на самите граници на литературата.

„Кој го уби султанот?“, всушност, е роман што ни укажува на сличноста на блиската историја со денешнината, ни покажува дека, всушност, историјата не се состои само од повторување, туку и од контемплација.

Ова е еден вистински повик, едно барање да се свртиме и да прочитаме за тој период со сета своја енергија и искреност!

Nov-vozbudliv-roman-na-Tom-Rob-Smit (1).jpg

Прободен Томас Енгер

Торе Пули некогаш бил моќна фигура на криминалната сцена во Осло и име што предизвикувало стравопочит. Сега е во затвор, осуден за убиство.

Уште од првиот момент, жестоко ги отфрла обвинувањата за вмешаноста во тоа злосторство. Пули стапува во контакт со новинарот Хенинг Јул и му нуди договор.

Ако Јул успее да ја острани дамката од неговото име и открие кој го наместил, Пули за возврат ќе му раскаже како дошло до пожарот што го проголтал станот на новинарот и го згаснал животот на неговиот 6-годишен син.

Додека очајнички се обидува да ја дознае вистината за пожарот во својот стан, Јул не може да го игнорира сето она што го дознава од Пули.

Nov-vozbudliv-roman-na-Tom-Rob-Smit (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...
Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти “Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Пр...
Новица Коцев стои зад Инстаграм магијата и зборовите на WordsByNoko Во огромниот свет на социјалните медиуми, каде што визуелното често доминира, Wo...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg