3 нови изданија за совршено пополнување на долгите летни денови
„Помислата дека имате добра книга за читање пред да одите в кревет, се вбројува помеѓу највозбудливите задоволства.“ Така ќе каже Набоков, а ние сосема се согласуваме со него.
Време е за 3 нови, возбудливи изданија кои ќе ви ги исполнат долгите, мрзеливи летни дни, но и жешките, бессони ноќи:
Тајната на Алексови – Наде Стојилковиќ
Алекса Алексов потекнува од богато и познато семејство. Тој е единец на мајка и татко кои многу се обидувале, но не можеле да имаат други деца, па можеби токму тоа е причината што е по малку разгален, што сè му е допуштено, што има малку тежок табиет и никој едноставно не може да го одбие за ништо.
Така, уште првиот ден кога ја здогледува помладата и преубава Дафина, решава дека таа мора да му стане жена. Но, како што велат злобните соседи, семето на Алексови тешко фаќа, не вирее. По пет неплодни години, најпосле им се раѓа првата ќерка. Потоа, им се раѓа и втората. И третата…
Лето како во „Мама миа“ – Ени Робертсон
Лорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура.
Со звукот на брановите, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена…
Заветот на кралицата – Кристофер В. Гортнер
Младата Изабела е оставена на милост и немилост на суровоста на шпанскиот двор во време на владеењето на нејзиниот полубрат, кралот Енрике IV, поводлив на блудност и застранување.
Но нејзината судбина да биде кралица на Кастилја е неизбежна и покрај сите препреки. Периодот на владеење на Изабела I од Кастилја го опфаќа обединувањето на шпанските кралства, примирјето со Португалија, Инквизицијата, падот на Гранада, прогонот на Сефардите и појавата на Кристофер Колумбо.
(О)Милена | Црнобело