Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлични книги чии главни ликови излегуваат од шаблонот на обични, здодевни луѓе

Доколку вашите фаворити се необични и несекојдневни книжевни ликови кои излегуваат од шаблонот на предвидливите карактери, тогаш следниот избор на книги е дефинитивно наменет за вас.

Odlicni-knigi-so-likovi-nadvor-od-shablonot-01.jpg

Секако, понекогаш чувствуваме повеќе емпатија кон негативецот отколку кон добриот лик. Чуден феномен, но тоа е магијата на добрата книга, како на пример:

10 минути и 38 секунди во овој чуден свет – Елиф Шафак

Турската книжевна кралица Шафак создала уште едно ремек-дело кое не смеете да го пропуштите. Не останува ништо друго освен целосно да се соживеете со нејзината хероина во најновиот роман – Леила Текила и нејзините 5 необични, чудни, искрени пријатели. 

Роман за различноста, за суровоста на животот, но и сета убавина која се крие во навидум обичните нешта.

Odlicni-knigi-so-likovi-nadvor-od-shablonot (1).jpg

Парфем – Патрик Зискинд

Генијално, вознемирувачко, богато и сликовито раскажано од првата до последната страница. Малиот Гренуј се раѓа среде валканиот смрдлив пазар и уште од малечок е надарен со неверојатно сетило за мирис. Тука започнува и неговата опсесија – да го пронајде најсовршениот мирис на светот.

Odlicni-knigi-so-likovi-nadvor-od-shablonot (2).jpg

Чудо – Р.Џ. Паласио

Запознајте го Оги Пулман. Тој за првпат тргнува на училиште, а веќе е петто одделение. Причината поради која се криел од светот? Ужасното деформирано лице кое не може да се поправи и покрај многубројните хируршки зафати.

Неверојатна топла, тажна, но и забавна приказна за момчето кое е похрабро отколку што можете да си замислите.

Odlicni-knigi-so-likovi-nadvor-od-shablonot (3).jpg

Мемоарите на Шерлок Холмс – Артур Конан Дојл

Зарем му е потребно специјално претставување на еден од најомилените детективски херои на сите времиња – Шерлок Холмс? Класична збирка од 1894 година, во која на Холмс му се даваат подлабоки димензии, а заплетите стануваат сè помрачни и покомплексни.

Odlicni-knigi-so-likovi-nadvor-od-shablonot (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg