3 нови романтични, секси приказни кои ќе ви го разгалат срцето

Време е за љубов и романтика. Секако, зачинето со пеперутки во стомакот, адреналин и секси возбуда.

3-novi-romanticni-seksi-prikazni-01.jpg

За вас имаме 3 нови предлози кои целосно ќе ве обземат од првата до последната страница… секси, романтични приказни кои ќе ви го разгалат срцето.

Уживајте во:

Град на девојки – Елизабет Гилберт

Вивијан Морис е 19-годишна девојка која е исфрлена од угледен колеџ. Нејзините богати родители ја испраќаат да живее со својата тетка Пег, сопственичка на екстравагантен театар во срцето на Менхетн.

Тука девојката го открива волшебниот свет на бурлеската. Времето поминато со харизматичните луѓе кои ќе ги запознае таму ќе ја охрабри да го живее животот со полни гради.

„Град на девојки“ е лична исповед на Вивијан кога има 82 години. Таа конечно отворено ја раскажува својата приказна, но и онаа на жените околу неа – жени што ги кршат социјалните стереотипи на своето време и го пронаоѓаат својот пат до среќата, во век што никогаш не можел да биде во чекор со нив.

3-novi-romanticni-seksi-prikazni (3).jpg

Девојка од мал град – Лиса Клејпас

Либерти Џоунс има соништа и одлучност што ќе ја одведат далеку од Велком, Тексас … ако успее да престане да одлучува со лудото срце наместо со разумот.

Харди Кејтс гледа на неа како на забрането овошје. Неговите животни амбиции се далеку поголеми од Велком, а Либерти Џоунс е само непотребна дистракција. Но има нешто магично и моќно што ги влече еден кон друг, некоја опасна привлечност што е посилна од нив двајца.

Кога Харди заминува од градот за да ги реализира своите планови, Либерти останува сама, со својата помала сестричка за која мора да се грижи.

До некаде беспомошна, Либерти наскоро влегува во мрежата на еден постар милијардер – некои дури и го нарекуваат нејзин „спонзор“, но нивната врска всушност е многу подлабока од тоа, па Либерти наскоро почнува да открива тајни за минатото на нејзиното семејство.

3-novi-romanticni-seksi-prikazni (2).jpg

Коефициент на љубовта – Хелен Хоанг

Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сè, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае сè за алгоритмите, не знае ништо за романтиката.

Toa и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој ѝ ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат за тоа, веднаш го менуваат мислењето за неа. Таа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сè што може да се научи за сексот и врските.

3-novi-romanticni-seksi-prikazni (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg