Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Читање во време на корона вирус – најдоброто нешто што може да го направите за себе

Имаме 3 нови предлози за вас кои може да ги прочитате додека сте дома во овој период. Повеќе го немате изговорот – немам време.

Chitanje-vo-vreme-na-korona-virus-01.jpg

Имате и повеќе од доволно, а откако ќе ги изгледате сите серии и ќе се заситите од домашните обврски, ние ви ги предлагаме следните 3 книги со чија помош целосно ќе се исклучите од проблемите:

Маслинката – Лусинда Рајли

Изминати се повеќе од 24 години откако Хелена го поминала волшебен распуст на Кипар, каде што прв пат се вљубила. Кога нејзиниот кум ѝ ја остава во наследство Пандора, сега трошна куќа, таа се враќа на Кипар, во местото што некогаш го сакала, за да го помине летото со своето семејство.

Пандора и пејзажот околу неа се идилични исто како и порано и на Хелена ѝ доаѓаат многубројни сеќавања. Меѓутоа некои од нив таа не сака да ги сподели со нејзиниот сопруг Вилијам и со нејзиниот син Алекс, 13-годишно момче соочено со промените што ги носи растењето додека очајнички сака да ја дознае вистината за својот вистински татко...

Chitanje-vo-vreme-na-korona-virus (1).jpg

Леонардо да Винчи - Хенри С. Џилет

Ова извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли одекнува низ вековите, а со помош на книгата ќе дознаете и зошто.

Роден на 15 април 1452 во Винчи, Италија, Леонардо да Винчи бил отелотворување на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар, скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач.

Chitanje-vo-vreme-na-korona-virus (2).jpg

Тие мили мали слатки дечиња – Антонио Карабелов

13 историски личности. 13 култни ликови како Хитлер, Гадафи, Чаушеску… Сите тие, седнати на клупата на Судот на светската историја – се прогласени за диктатори.

Секој знае, слушнал и прочитал поединости за нивните злодела, сторени врз сопствениот народ, а воедно и врз целото човештво, злодела сторени во „возрасни“ години.

Но дали некогаш сте се запрашале какви биле тие во своето детство? Какви биле кога биле мили, мали, слатки дечиња?

Chitanje-vo-vreme-na-korona-virus (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg