10 книжевни ремек-дела од извонредни писатели кои вреди да ги прочитате
Kнига, магичен прозорец во свет со кој телевизијата и сите други медиуми едноставно не можат да мерат, споредуваат и натпреваруваат.
Една од најважните работи, практично, е да се потенцира важноста на читањето за нашето ментално здравје.
Ако сте љубител на читањето, веројатно сте ги прочитале повеќето од овие книги порано, но сепак вреди да се потсетите.
За оние другите пак, ова е право време за духовно освежување.
Во продолжение ви издвојуваме 10 од најдобрите книжевни ремек-дела на сите времиња:
1. „Божествена комедија“ - Данте Алигиери
„Божeствена комедија“ е поетски циклус на италијанскиот поет Данте Алигиери, составен од три дела: „Пеколот“, „Чистилиштето“ и „Рајот“.
Ова маестрално дело е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновековието“.
Данте во поезијата наоѓа средство за посочување на крвавиот хаос на земјата и помеѓу луѓето, за нивниот стремеж за власт и насилство, а во исто време и средство за осветлување на возвишеното и на доброто.
„Божествена комедија“ се смета за врвна реализација на класичната книжевност.
2. „Странецот“ - Албер Ками
Станува збор за еден од најзначајните романи на француската литература од 20 век и воедно првиот роман на Албер Ками.
Голем број критичари сметаат дека „Странецот“ е всушност неговото најдобро дело.
Главниот лик на романот е службеник со име Мерсо, кој на погребот на својата мајка не само што не заплакува, туку и не покажува жалење или какви било други емоции.
Романот има извонредни описи за неговиот монотон и досаден живот.
3. „Злосторство и казна“ - Фјодор Достоевски
Првиот голем роман од зрелата фаза на Достоевски, „Злосторство и казна“, е едно од оние книжевни ремек-дела што се длабоко врежани во колективната човечка меморија - од насловот до последната страница.
Злосторство и казна“ е книга која не престанува да возбудува и да поставува прашања, чиишто одговори во отсуство на религиозната вдахновеност на Достоевски, изгледаат сè помрачни и подалечни.
4. „Илијада“ – Хомер
Епопејата „ Илијада “ е составена од 24 пеења каде се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна.
Тематски е поврзана со времето кога Грците почнале да прават колонии на островите во Егејското море и на Мала Азија.
Настаните во „Илијада“ се случуваат во последната година од десетгодишната војна.
Ова дело се смета за едно од најстарите од западната литература зачувани до денес, а пишаната верзија датира од околу осмиот век п.н.е.
5. „Старецот и морето“ - Ернест Хемингвеј
Роман на американскиот писател Ернест Хемингвеј, напишан во 1951 г. на Куба, а објавен една година подоцна.
Ова е последниот роман објавен од страна на Хемингвеј, додека тој бил жив.
Се смета за едно од неговите најпознати дела, во кое се раскажува за борбата на старецот Сантјаго со големата риба марлин, која ја лови надвор од патеката на Голфската струја.