Три нови книги за силни девојки кои ќе ви потврдат дека „понежниот пол“ е само мит
Сведоци сме ја изјави од типот – „Бори се машки“ или „Понежниот пол“, кои најчесто упатуваат на тоа колку жените се слаби, нежни и кршливи.
Но, вистината е поинаква. Жените се подеднакви силни како и мажите. Дури би се осмелиле да кажеме дека нивното срце умее да издржи и многу повеќе удари.
Овие 3 книги ќе ви ја потврдат вистината за нештата:
Добри девојки - Сара Сахагиан, Шалта Дикар Фардин
Феминистичка приказна со силна порака за растењето и созревањето на Али и Октавија. Двете се многу различни млади жени, Али претпочита да ги следи правилата, додека Октавија сака да ги сруши сите само затоа што така ѝ се може.
Двете девојки се во потрага по она што сакаат да станат кога „ќе пораснат“. Запознавајќи се, двете си влијаат меѓусебно и се менуваат. На крајот на краиштата, секоја девојка мора да реши дали ќе го прифати животот онаков каков што е, или ќе го крене гласот против реалноста која ја живее.
Зулејха ги отвора очите - Гузел Јахина
Приказната започнува во мало татарско село во 1930 година. Жената е објект на постојано понижување. Главниот херој е зеленооката Зулејха. Жена што ќе го посведочи убиството на сопругот од страна на комунистите и жена што ќе го преживее прогонството на Сибир. И така засекогаш ќе го напушти родниот крај.
Таа е принудена на мачно патување со товарен воз до најоддалеченото место на бреговите на реката Ангара во Сибир. Во групата на Зулејха има еден напорен доктор, еден сликар, еден пар, еден криминалец, но и – Игнатов, убиецот на нејзиниот сопруг.
Заедно започнуваат да градат нов живот, далеку од своето минато. Заедно мора да создадат – љубов! Како Зулејха ќе ги отвори очите?
Вилино – Винка Саздова
Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син.
Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија.
Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи.
Ова е роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
(О)Милена | Црнобело