Книги кои имаат моќ да ви го променат животот
Познатиот сајт Ranker често прави списоци на најдобри филмови, серии, професии, итн.
Најдоброто нешто во целата приказна е што секој може да учествува во анкетите. Овој пат е направена листа со повеќе од 900 најдобри книги што им ги смениле животите на многу читатели.
Алиса во земјата на чудата - Луис Керол
Алиса во земјата на чудата (1865) е дело на математичарот Чарлс Латвиџ Доџсон, познат по псевдонимот Луис Керол.
Алиса повеќе од 150 години ги забавува и децата и возрасните.
Делото нуди многу интерпретации, токму заради начинот на кој се раскажува – “nonsense“ заснован на игра на зборови или стихови од нелогична или апсурдна содржина, понекогаш со измислени зборови, направени за забава или како хумористична поезија.
Фаренхајт 451 - Реј Бредбери
Критичарите на New York Times го напишале следното: „Застрашувачки во неговите импликации, овој роман ја открива визијата на Бредбери за еден луд свет кој потсетува на нашиот!“
Книгата е објавена во 1953 година.
Господарот на мувите - Вилијам Голдинг
Класичниот роман на британскиот добитник на Нобелова награда, Вилијам Голдинг, ја раскажува приказната за група на студенти кои завршуваат на напуштен остров по авионска несреќа.
Книгата е објавена во 1954 година.
Храбриот нов свет - Олдус Хаксли
Објавена во 1932 година, книгата на Олдус Хаксли е негативно оценета од многу критичари од тоа време.
Романот предвидува развој на репродуктивна технологија и учења од соништа кои заедно водат кон создавање на ново општество.
1984 - Џорџ Орвел
Врз основа на искуствата на авторот, поврзани со Шпанската граѓанска војна и Втората светска војна, и идеологиите на фашизмот и комунизмот, романот, напишан во 1948 година, бил сфатен како предупредување за идните генерации, односно инспирација за бројни писатели, филозофи и политички теоретичари.
Господарот на прстените - Толкин
Делото според кое е снимен филм со најголем рејтинг, најголема заработка и најголем вкупен број на Оскари во историјата на филмот.
Хобити, самовили, орки, волшебници, назгули, моќ, пријателство, алчност и добрина се само фрагменти од овој богат, шарен роман.
Да се убие птицата подбивница - Харпер Ли
Класикот на американската литература, делото на Харпер Ли, добитничка на Пулицеровата награда, е на прво место, целосно заслужено.
Ли ја критикува расната и класната предрасуда во американското општество на хумористичен и автентичен начин во 1930-тите години.
Ашера | Црнобело