Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детски книги кои се борат против предрасудите – задолжителни лектири за вас и вашите сакани малечки

Дали сте љубител на детска литература? Колку читаат вашите сакани од најмладите генерации? Навиките за читање книги се стекнуваат од најмали нозе, па затоа најдобро е да почнете навреме.

Detski-knigi-koi-se-borat-protiv-predrasudite-01.jpg

За почеток може да започнете со помали, но интересни книги со весела, но и многу поучна содржина. Целта е – да се почитуваат и прифаќаат различностите кај луѓето, без никакви предрасуди.

Еве што треба да прочитате:

Мортина - Барбара Кантини

Мортина не е обично, нормално девојче. Таа е зомби-девојче кое живее на изолиран имот заедно со нејзината тетка Покојна и албино кученцето. Нејзината најголема желба е да си игра заедно со другите дечиња.

Но, Мортина не смее да го открие својот вистински идентитет, нејзината тетка ја предупредува дека доколку луѓето дознаат што всушност се тие – ќе ги протераат од селото.

Detski-knigi-koi-se-borat-protiv-predrasudite (3).jpg

Веселата зграда - Ана Голејшка Џикова & Драш

Сликовницата исполнета со неверојатните илустрации на Драш и топлите стихови на Голејшка ќе им стане омилена на вашите деца и внуци. Запознајте ја веселата зграда и нејзините соседи. Симпатично, весело, шарено! Едноставно мора да ја имате дома или да ја подарите некому.

Detski-knigi-koi-se-borat-protiv-predrasudite (1).jpg

Сонливи приказни од тајната шума - Алма Растодер

Содржината е поделена на раскази и песнички во три дела: на македонски, босански јазик и албански јазик. Сестричка и братче одеднаш се наоѓаат во волшебната шума каде што преку фантастични случки, ги решаваат своите детски проблеми и прашања. Децата не треба да имаат предрасуди за другиот, кој е различен од нив.

Detski-knigi-koi-se-borat-protiv-predrasudite (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
Интересни книги од регионални автори кои нема да можете да ги оставите Приказна за адвокат кој се наоѓа во санаториум, тинејџерска книга која ќе ве зам...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три (контроверзни) книги за префинети читатели Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg