Книги кои ќе ја разбудат романтичната страна во вас
„Дали те сакам? Боже, ако твојата љубов е зрно песок, мојата би била универзум од песочни плажи.“ Доколку сте расположени да прочитате нешто љубовно, романтично, зачинето со страст и секс, тогаш за вас имаме 3 одлични предлози.
Есента е совршена за започнување одново, дозволете да се разбуди романтичната страна во вас:
Сурова љубов - Колин Хувер
Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, но двајцата се свесни дека тоа дефинитивно не е љубов на прв поглед. Единственото нешто во што се сигурни е меѓусебната привлечност. Тој не сака љубов, таа нема време за тоа. Им останува само сексот.
И нивниот договор е многу едноставен, само доколку Тејт успее да ги почитува единствените две правила што Мајлс ѝ ги поставува.
Последниот бакнеж - Лорелин Пејџ
Емили Вејборн не може да му верува на убавиот и опасен Рив Сали. Но, покрај него таа конечно може да биде она што е. Препуштањето на него е единственото нешто што ја држи закотвена додека целиот живот ѝ се распаѓа.
Сепак, Емили започнува да се сомнева во сè она што мислела дека го знае за пријателството и љубовта.
Љубов под маски - Хана Филдинг
Лето, 1976 година. Луз де Руеда се враќа во Шпанија и прифаќа да работи како биограф на еден познат уметник. Првиот ден во Кадиз таа запознава еден млад Ром по име Леандро.
Иако врските од овој вид се табу, тој го освојува нејзиното срце. Прогонувана од оваа забранета љубов, го запознава својот нов шеф, воздржаниот, а сепак интригантен, Андрес де Калдерон.
(О)Милена | Црнобело