Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 книги кои нема да може да ги оставите додека не ја затворите последната страница

Читањето е храна за умот. Колку повеќе прочитани книги, толку повеќе храна за мозокот. Овој пат нашите три предлози се толку многу „заразни“ што нема да можете да ги оставите додека не ја завршите последната страница.

3-knigi-koi-nema-da-moze-da-gi-ostavite-01.jpg

Одлични за викенди, за одмори или додека се возите кон работното место, еве што вреди да прочитате следно:

Харемот на Гадафи - Аник Кожан

На 15 години, младата Сораја ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, обожуваниот либиски претседател. Пресреќната Сораја не може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.

Наместо да размислува за својата полуматура, Сораја треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожуваниот либиски претседател. Моќна, трогателна и потресна приказна за еден модерен затвор и диктатор од нашата реалност.

3-knigi-koi-nema-da-moze-da-gi-ostavite (1).jpg

Човекот во високиот замок - Филип К. Дик

Спектакуларен роман според кој е направена истоимената популарна ТВ-серија во продукција на Ридли Скот. Филип К. Дик ни дава застрашувачки поглед на алтернативниот свет, во кој еден од сојузниците ја изгубил Втората светска војна.

Во оваа кошмарна дистопија, нацистите го заземаат Њујорк, Јапонците ја контролираат Калифорнија, а африканскиот континент практично не постои. Во неутралната тампон-зона во Америка што го дели светот на двете нови сопернички велесили, живее авторот на илегалниот бестселер.

3-knigi-koi-nema-da-moze-da-gi-ostavite (2).jpg

Продадена - Патриша МекКормик

Лакшими е 13-годишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал. Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне.

Но, кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството.

3-knigi-koi-nema-da-moze-da-gi-ostavite (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg