5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги
Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде раѓањето исклучиво го регулира државата, а граѓаните се класифицирани во одредени категории, врз основа на нивните генетски карактеристики. Кои други дистописки романи би требало да ги прочитате ако сте вистински љубители на жанрот?
Човештвото постојано се стреми кон напредок и подобар живот, но што ќе се случи ако сè тргне наопаку?
Следниве пет литературни ремек-дела претставуваат неколку алтернативни сценарија за нашата иднина кои одговараат на ова прашање.
Секој од овие романи има оставено белег во жанрот на научната фантастика, но нивното влијание е многу поголемо. Фрази како „големиот брат“ и „храбриот нов свет“ влегоа во секојдневниот говор, а овие книги се предмет на анализа на разни социјални дисциплини.
Малкумина можат да кажат дека не гледале барем еден филм или серија инспирирана од нивната приказна. Од овие причини, но и заради нивниот квалитет, ви препорачуваме да ги прочитате следниве дистописки романи, доколку досега не сте го сториле тоа.
„1984“ - Џорџ Орвел
Во својата книга, Орвел раскажува приказна за еден свет во кој доминираат тоталитаристичките режими, кои ги држат своите субјекти под постојан надзор, додека ги хранат со дневна доза на пропаганда.
Главниот лик, Винстон Смит, е типичен партиски член, научен да биде послушен и да ги повторува сите наредби како папагал.
Тој со тек на време ќе почне да го доведува во прашање системот во кој живее и ќе се соочи со потиснатите сомнежи во неговото совршенство.
„Прекрасен нов свет“ - Олдус Хаксли
Визијата на Хаксли за иднината опфаќа општество каде раѓањето исклучиво го регулира државата, а граѓаните се класифицирани во одредени категории, врз основа на нивните генетски карактеристики.
За разлика од романот на Орвел, каде власта ја дисциплинира популацијата со репресија, во „Прекрасен нов свет“ ова се прави со помош на наркотици кои нудат моментално задоволство.
Поради своите комплекси на инфериорност, протагонистот на романот, Бернард Маркс, го избира патот на анти-конформизмот, но, се разбира, наидува на отпор кај повеќето луѓе во неговата околина.
„Фаренхајт 451“ - Реј Бредбери
Во иднината на Америка опишана во романот на Реј Бредбери, „Фаренхајт 451“, слободната мисла не постои, а државата дури има и посебни единици посветени на палење на забранети книги.
Со тоа го уништуваат културното наследство на човештвото. Интересно е што во оваа книга Бредбери ги предвидел телевизорите со рамен екран и банкарските уреди кои работат нон-стоп.
„Приказната на робинката“ - Маргарет Атвуд
„Приказната на робинката“ се случува во Америка со која управува христијанската теократија, додека сите стари институции, кои гарантираат слобода на граѓаните, се укинати.
Жените се наоѓаат во подредена положба во однос на мажите, а многу од нив служат како „машини“ за раѓање.
Овој роман е успешно адаптиран во телевизиска серија.
„Пеколен портокал“ - Ентони Бурџис
Познатото дело на Ентони Бурџис беше екранизирано од страна на Стенли Кјубрик.
Ова е приказна за деликвент и неговата банда во Велика Британија во блиска иднина, а се занимава со теми на човековата слобода, државната власт и природата на насилството.
Ашера | Црнобело