Најдоброто од Венко Андоновски, македонски писател кој не смеете да го заобиколите

Венко Андоновски е роден на 30 мај 1964 година во Куманово. Писател, есеист, критичар и книжевен теоретичар, творештвото на Андоновски е исклучително богато.

Najdobroto-od-Venko-Andonovski-01.jpg

За неговото име неминовно се врзува можеби најпознатото дело, „Папокот на светот“, чиј втор дел послужи како инспирација за филмот „Превртено“ од 2007 година во режија на Игор Иванов Изи.

Би ги наброиле и „Ќерката на математичарот“, „Кандид во земјата на чудата“, „Припитомување на кучката“, но она што задолжително треба да го прочитате од Андоновски се следните три дела:

Вештица

17 век, Хрватска. Во тек е голем прогон на вештиците, жени кои склучиле сексуален пакт со Ѓаволот. Една девојка од Македонија, по игра на судбината, завршува токму во Хрватска, исто како и Падре Бенџамин од Италија, личен пријател на Џордано Бруно.

Тој е назначен да учествува во инквизицискиот прогон и судењето на вештиците, меѓу кои е и девојката од Македонија, само поради тоа што не го сака својот сопруг од договорениот брак.

Но, наместо да биде нејзиниот џелат, Падре Бенџамин станува нејзиниот спасител… меѓу нив се раѓа страсна љубов.

Najdobroto-od-Venko-Andonovski (1).jpg

Папокот на светот

Симболичен, многуслоен, и вешто раскажан роман составен од 2 дела. Првата книга е напишана на псевдоархаичен јазик. Дејството се одвива во 9 век и потсетува на филозофски крими роман.

Вториот дел е љубовна сторија која се одвива во времето на Југославија, во втората половина на 20 век, што на одреден начин пресликува дел од случувањата во првата книга.

„Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“, ќе напише српската издавачка куќа Лагуна во нивното издание на Папокот на светот.

Najdobroto-od-Venko-Andonovski (3).jpg

Генетика на кучињата

Исклучително квалитетен, длабок и потресен драмски текст. Со речиси хируршка прецизност ја прикажува дијагнозата на нашето време. Што ни прават парите и ненаситниот глад по нив? Што му прави злото на човештвото и како полека се отцепуваме и отуѓуваме едни од други?

Генетика на кучињата е пишуван во периодот 2010-2011 година, а долги години истата беше дел од редовниот репертоар во Драмскиот театар во режија на Дејан Пројковски.

Najdobroto-od-Venko-Andonovski (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
Предлог наслови од познатите Македонци: Која книга им оставила најголем впечаток? Кои им се омилени книги на познатите Македонци? Која е една книга што им оставил...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg