Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Арс Ноторија - древна волшебна книга за подобрување на меморијата

Веќе со векови се пишуваат книги во кои се тврди дека читателот ќе добие посебни моќи по читањето на истите. Во некои случаи овие книги се наменети за повикување на ангели или демони. Во други случаи ветуваат подобри вештини или среќа за читателот. 

Ars Notorijadrevna volsebna kniga za podobruvanje na memorijata 01

Многу лесно можеме да повлечеме паралела со модерните книги за самопомош, кои, исто така ветуваат „магиско“ исцелување и промена на свест. Во древните текстови и книги често се спомнува зборот магија и демонологија, со што само се зголемува контроверзноста на овие книги низ историјата.

Многу од нив се напишани и преведени, а една од нив е и Арс Ноторија – древната книга која верува подобрување на меморија и мудрост.

Арс Ноторија е дел од поголема колекција позната како „Lesser Keys of Solomon“. За разлика од другите гримоари, кои се занимаваат со магични напивки, магии или демони, Арс Ноторија на своите читатели им ветува поголема елоквентност, совршена меморија и мудрост.

Дали луѓето од минатото навистина можеле да ги подобрат своите академски вештини и меморијата, следејќи ги молитвите и практиките на Арс Ноторија?

Најстарите ракописи на Арс Ноторија датираат од 13 век. Меѓутоа, текстовите содржани во молитвите и магичните зборови датираат уште пред 1200-тите. Напишани се на неколку јазици, вклучувајќи го хебрејскиот, грчкиот и латинскиот.

Ars Notorijadrevna volsebna kniga za podobruvanje na memorijata 02

Се тврди дека и кралот Соломон ги стекнал своите мудрости следејќи ги текстовите од Арс Ноторија. Многумина што сакале да имаат подобра меморија, поголема елоквентност, мудрост или зголемени сетила ја читале оваа книга со надеж дека ќе го подобрат својот живот.

Сепак, постојат и случаи кои завршиле со несакани резултати како случајот на Џон од Морињи.

Џон бил монах од 14 век кој побожно ги следеше учењата на Арс Ноторија, но наместо да се стекне со академско знаење тој доживеа прогонувачки, демонски визии, што е последица на фанатизмот и опсесијата на монахот.

Интересниот аспект на книгата кој привлече големо внимание е илустрација на „магнетниот експеримент".

Имено, со оваа илустрација му се покажува на читателот како да комуницира на долги растојанија со помош на две игли од компас.

Ars Notorijadrevna volsebna kniga za podobruvanje na memorijata 03

Дали Арс Ноторија им даваше на своите читатели академски моќи? Не може да се знае.

Можно е дека им помогнала на луѓето кои биле посветени и природно талентирани, а можеби книгата навистина има магични својства.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg