Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заокружете ја читачката 2018 година со три интелигентни наслови

„Не верувај им на оние кои не понеле со себе книга за читање“. Има ли поголема вистина од оваа?

Zaokruzete-ja-citackata-2018-godina-01.jpg

Се надеваме дека прочитавте многу книги во годината која завршува, а доколку сепак не успеавте во својата мисија, донесете една од неколкуте новогодишни одлуки: Во новата година да читате многу повеќе.

Оваа 2018 година заокружете ја со 3 интелигентни наслови. И конечно – читајте првенствено за себе, а не да ги импресионирате луѓето околу вас:

Брик Лејн – Моника Али

Назнин се мажи за 20 години постариот Чану и го напушта Бангладеш, во обид да изгради нов дом во Лондон. Сметајќи се за послушна и добра муслиманка, нејзината првенствена цел е да се грижи за сопругот и ќерките и да не поставува премногу прашања.

Но, Назнин неочекувано ќе го запознае Карим, привлечен млад човек кои ќе ѝ наметне бројни дилеми, за општеството, животните цели, припадноста. Што е правилно, а што погрешно?

Zaokruzete-ja-citackata-2018-godina (3).jpg

Љубовта за време на детето од Малштет (18+) – Клеменс Ј. Зец

Со предупредувачка порака дека книгата содржи насилство, секс, експлицитни сцени, мастурбирање, S&M, истата не е препорачлива за малолетни читатели. Ниту пак за пуританците, малодушните и оние со полузатворени очи.

Од друга страна, пак, конзервативците може да ја читаат, но скришно. Книгата апсолутно ќе ве заведе со приказните и нарацијата. И не очекувајте да биде нешто што сте го прочитале досега.

Zaokruzete-ja-citackata-2018-godina (2).jpg

Не одам никаде – Румена Бужаровска

Најновата збирка раскази на Румена Бужаровска ја носи специфичната свежина на добро познатиот израз на веќе етаблираната македонска писателка.

Сепак, приказните овојпат се помоќни, помрачни, подлабоки. 7 вешто исткаени раскази ќе ве вовлечат во светот на тажните судбини и човечките трагедии.

Zaokruzete-ja-citackata-2018-godina (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Фото: (О)Милена

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 лесни и страстни романи што ќе ги прочитате во еден здив Џенифер Пробст ја напишала својата прва книга на 12 години. Ја однела во училишт...
Првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска - „Парчиња од себеси“ Деновиве од печат излезе „Парчиња од себеси“ - првата поетска книга од младата а...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg