3 нови книги кои ќе ви предизвикаат солзи од смеа и тага
Од кога не сте прочитале нешто добро? За вас имаме три нови предлози за времето кое како да е скроено за читање и одмор.
Сте плачеле поради премногу тажна книга? А што кога, пак, книгата е толку симпатична и духовита, што нема да можете да ја испуштите од рацете со своите малечки, соживувајќи се со малата слатка Биби?
Одберете си книга за читање (или три):
101 Ден - Осне Сејерштад
Јануари, 2003 година. Писателката Осне Сејерштад влегува во Багдад со 10-дневна виза, не насетувајќи дека ќе остане 3 месеци.
101 ден се опишани во истоимената книга на Осне која ја отсликува драмата и трагедијата на градот под опсада, градот кој е зафатен од суровата војна и сопствената немоќ и фрустрација да ја пренесе вистината која речиси секогаш се крие зад моќната пропаганда.
Бисерот што ја скрши школката - Надија Хашими
Рахима и нејзините сестри излегуваат многу ретко од дома. Нивното детство е несреќно, исполнето со безбројни забрани, растејќи покрај таткото-зависник од дрога.
Единствената утеха ја наоѓаат во древната традиција наречена „бача-пош“ што овозможува облекување како машко и третирање како таков, сè додека не се навршат годините за мажење.
За Рахима ова е билет од безизлезноста и апатијата во која секојдневно живее. Нејзината прабаба Шекиба на овој начин се спасила и изградила нов живот за себе. Ќе може ли истото да го стори и Рахима и што ќе се случи кога ќе ѝ дојде времето за мажење?
Светот на Биби од А до Ш - Билјана С. Црвенковска и Димитриевски - Тхе Мичо
Биби е неодоливо слатка, интересна, со заразна енергија. Таа сака да ви покаже толку многу работи – каде живее, како изгледа нејзиниот дом, нејзиното најдобро другарче и сите нејзините омилени нешта.
Биби ова го прави на забавно-едукативен начин, бидејќи најмалечките ќе може истовремено да уживаат во нејзините приказни и да ја учат азбуката.
Прекрасните илустрации се дело на Тхе Мичо, а текстот е на Билјана Црвенковска.
(О)Милена | Црнобело