Запознајте ги првите четири од „Седумте сестри“ на Лусинда Рајли

Лусинда Рајли е вистински мајстор на пишаниот збор, а благодарение на своите дела таа е веќе светски признат автор.

zapoznajte-gi-prvite-chetiri-od-sedumte-sestri-na-lusinda-rajli-01.jpg

Нејзините книги нижат прекрасни љубовни и семејни приказни, кои вешто ги поврзуваат историјата и сегашноста. Покрај веќе популарните „Полноќна роза“, „Ангелско дрво“ и „Девојчето на гребенот“, писателката во моментов се истакнува со серијалот „Седумте сестри“.

Како што кажува самиот наслов, се работи за серијал од седум книги, а секоја од нив е посветена на по една од сите сестри. Во моментов се излезени (и преведени на македонски јазик) првите четири книги, а наскоро ќе биде објавена и петтата книга.

Маја, Али, Ѕвезда, Кеке, Тиги и Електра се посвоени од нивниот богат татко, а имињата ги добиле по познатото соѕвездие „Седумте сестри“. Секоја потекнува од различен крај на светот, но нивното семејство не е комплетирано бидејќи недостига седмата сестра, Меропа. Но, нивниот татко умира и на секоја ѝ остава траги за потеклото. Дали ќе ја најдат онаа што недостига?

Ова се нивните приказни:

Маја

Маја е најстара од шесте сестри и е првата која им соопштува на помладите девојки дека нивниот сакан татко-посвоител е мртов. По неговата смрт, неговиот адвокат на секоја од сестрите им предава писмо и насока за вистинското потекло.

Маја решава да го прифати предизвикот и да ги следи трагите. Тие ја носат дури во Бразил, во Рио, каде го открива своето аристократско потекло, но и приврзаноста со сиромашните делови на градот. Исто така, таму и се вљубува. Маја решава да го продолжи својот живот онаму каде всушност започнал, пред да биде посвоена.

zapoznajte-gi-prvite-chetiri-od-sedumte-sestri-na-lusinda-rajli-02.jpg

Али (Алкиона)

Сестрата создадена од бура е енергичен учесник на регатите со јахти. Таа всушност го забележува бродот на својот татко, но кога пробува да го исконтактира, бродот бега од пристаништето. Кратко откако дознава за смртта на својот татко, го губи и свршеникот во несреќа.

Потиштена од тагата, решава да ги следи трагите на својот татко, кои ја носат во ладната Норвешка. Таму дознава за своите предци, за Ана Лендвик која пеела во „Пер Гинт“ и поврзаноста со големиот музичар Григ. Нејзината музичка кариера напредува, но таа не може, а да не се запраша кој бил нејзиниот татко-посвоител и зошто седмата сестра недостасува.

zapoznajte-gi-prvite-chetiri-od-sedumte-sestri-na-lusinda-rajli-04.jpg

Ѕвезда (Астеропа)

Третата сестра е само неколку месеци постара од четвртата, а тие пристигнале во големиот дом во Швајцарија кратко една по друга. Затоа е и најблиска со сестра ѝ Келено, но е многу тивка и ретко искажува чувства.

Трагите на татко ѝ ја водат до една неугледна антикварска книжарница во Лондон, од каде започнува нејзиното патување во минатото. Сето она што ќе го види и научи за своето вистинско семејство, ја мотивира Ѕвезда да се отвори, да излезе од сенката на Келено и да ѝ даде шанса на љубовта.

zapoznajte-gi-prvite-chetiri-od-sedumte-sestri-na-lusinda-rajli-03.jpg

Кеке (Келено)

Чувствувајќи се напуштено од Ѕвезда, Кеке се откажува од уметничкиот колеџ и решава да ги следи трагите за своето потекло. Таа има само една црно-бела фотографија и име на жена од Австралија.

Пред да замине во Австралија, решава да одмори на местото кое го чувствува како свое, Краби во Тајланд, каде запознава мистериозен човек со кого се зближува. Но, патот мора да продолжи и таа заминува во Австралија, со фотографијата и прашањето за Кити Мекбрајд. Таму ја дознава историјата на семејството на Кити, но и тоа како таа е поврзана со едно од најбогатите семејства во Брум, Австралија, но и со домородците Абориџини.

Сепак, она што ја привлекува е енергијата на Австралија и чувството дека конечно припаѓа некаде.

zapoznajte-gi-prvite-chetiri-od-sedumte-sestri-na-lusinda-rajli-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg