Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлични српски писатели на кои треба да им дадете шанса

Факт е дека во последните неколку години во Македонија почнаа да се читаат домашни писатели, не е како порано, кога читателите правеа гримаси кога во книжарница ќе им понудат македонски автор.

citate-li-srpski-pisateli-avtori-na-koi-treba-da-im-dadete-sansa_5.jpg

Бројните изданија и промотивните дружби се само еден дел од променетата реалност за која зборувам. Сепак во никој случај не може да се споредиме со авторите од нашето соседство, Србија.

Таму првите тиражи на писателите им се како максимално продадени книги на одредени македонски автори. Некои ќе речат, ама и така е, големината на пазарот си го прави своето, но пред сé културата и навиката на читањето се пресудни во оваа ситуација.

Во продолжение следува листа на неколку српски автори, кои имаат одличен одзив кај публиката, и тежина, карактеристична за секого од нив:

Светислав Басара

Автор на дваесеттина книги – романи, збирки на раскази, драми и есеи. Неговиот роман Фама за велосипедистите се смета за еден од најдобрите српски романи од втора половина на 20. век, а за книгата Подемот и падот на паркинсоновата болест ја има добиено НИН-ова награда за најдобар роман објавен во 2006 година.

citate li srpski pisateli avtori na koi treba da im dadete sansa 2

Марко Видојковиќ

Овој српски писател роден во Белград на пошироката читателската публика им стана познат со книгата Канџи, која во рок од октомври 2004. До мај 2005 година е продадена во пет изданија и воедно се смета за една од најпродаваните книги од домашен автор во Србија. Година дена подоцна за истата книга ја доби наградата Кочиќево перо, а за книгата Сите црвенкапи се исти ја има добиено Виталова награда. Неговата последна книга Е, баш ви фала изведува своевиден десант на постјугословенското општество во ера на апатија и чувство на безизлез. Книга е бестселер во Србија со продадени илјадници примероци.

citate li srpski pisateli avtori na koi treba da im dadete sansa 3

Гордана Куиќ

Добитник на бројни книжевни награди во државите на поранешна Југославија и автор на романот Miris kiše na Balkanu за прв пат објавен во 1986, а сега е преточен во телевизиска серија. Таа преку оваа книга сака да ја прикаже судбината на едно еврејско семејство и дека од историјата не може да се побегне. Нејзините книжевни дела се од голема значајност, зошто на нашите простори нема голем број на еврејска литература.

FotoJet11

Александар Гаталица

На српската книжевна сцена се појавил во 1993 година од од тогаш има објавено 11 книги. Прозата на Гаталица е преведена на десеттина книжевни јазици, а тој исто така е познат и по тоа што е преведувач. Ја има добиено најпрестижната книжевна награда во Србија НИН-ова за романот Veliki rat, а месец дена подоцна за истото дело ја има добиено наградата Меша Селимовиќ.

citate li srpski pisateli avtori na koi treba da im dadete sansa 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Македонски автори и светски класици - Книги по препорака од нашите инфлуенсери Кои им се омилени книги на нашите инфлуенсери? Едни избираат дела од домашни авт...
„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg