Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 задолжителни „лектири“ за патувачи

Не заминувам на патување без книга. Тоа ми е непишано правило кое веќе со години го следам. Колку и да сум натоварен, секогаш наоѓам простор за книга, макар еден наслов, кој знам дека верно ќе ме придружува. 

knizevni lektiri za patuvaci interesni naslovi koi patuvanjeto kje ti gi napravat ushte povozbudlivi 1

Во моментите кога имам потреба од лична изолација, гледам да се сместам во некој парк и да се пренесам во тој книжевен свет, истовремено, отцепувајќи се од реалноста.

На тој начин, без разлика какви и да се патувачките исходи, возбудата што се случува двојно ме исполнува.

А самата помисла дека не сум сам, дека покрај мене се наоѓаат фиктивни ликови е факт што ме воодушевува.

За следното патување одберете некој од овие наслови:

Патувањето на еден слон – Жозе Сарамаго

Ова е волшебна приказна која се случува во 1551 година кога португалскиот крал Жоао III на австрискиот надвојвода Максимилијан решава да му прати невообичаен свадбен подарок: слонот Соломон.

Не би навлегувал премногу во детали, но ќе кажам дека Патувањето на еден слон е сказна каде што се испреплетува иронија и емпатија, проникната е со духовни размисли за човековата природа и ја засведочува трајноста на пријателството.

knizevni lektiri za patuvaci interesni naslovi koi patuvanjeto kje ti gi napravat ushte povozbudlivi 3

На пат – Џек Керуак

Не можам да ја продолжам листата ако не го наведам насловот што одново и одново го исчитувам. На пат за мене претставува животна лектира, а истовремено е и вистинско ремек-дело на авторот.

Овој автобиографски роман е едно сликовито претставување на џезерска Америка од педесеттите години на минатиот век и лирско сведоштво за разголениот живот на бит-генерацијата.

Можеби многумина од вас го имаат прочитано, но секогаш е пријатно да се проталка заедно со јунакот Нил Кесиди, патник и мистик, жива инкарнација на едно подзаборавено време.

knizevni lektiri za patuvaci interesni naslovi koi patuvanjeto kje ti gi napravat ushte povozbudlivi 4

Островот на претходниот ден – Умберто Еко

Да се разбереме, ова не е лесно четиво, но тематиката на романот ќе ви овозможува двојно патување со самата помисла кога емпатично ќе се поставите спрема главникот лик Роберто, кој преживува бродолом и останува заровен во морска шир.

Преку неговите дневнички записи ја следиме приказната за време на неговиот престој на пуст брод, кој раскажува за своето детство, страстите, за злобниот брат, опсадите и смртна на неговиот татко...

Еко преку книжевниот стил, богатата игра со јазикот и  со искрени емоции ја потврдува својата величина како еден од најдобрите постмодерни писатели.

knizevni lektiri za patuvaci interesni naslovi koi patuvanjeto kje ti gi napravat ushte povozbudlivi 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
Прва книга од нашата млада писателка Драгана Љотовска - Прирачник за личен и духовен развој На 12.02.2025г. се одржа промоција на првата книга на авторката Драгана од Скопј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg