5 книги кои ќе ве подготват за следното поглавје од вашиот живот по завршување на факултет

Завршувањето на факултет може да биде прекрасен период во животот. Означува крај на едно неверојатно поглавје и почеток на ново. Но, исто така овој период може да биде доста напорен и често да предизвика стрес и голем број на прашалници, како да продолжиме понатаму. Тоа е една од најнормалните појави на која никој од нас не е имун. Иако не ја доживуваме на ист начин, сепак секој од нас некако успева да се избори со неа.

5_knigi_koi_ke_ve_podgotvat_za_slednoto_poglavje_od_vasiot_zivot_po_zavrsuvanje_na_fakultet_01.jpg

За да ви помогнеме да се справите со овој интересен и турбулентен период од вашиот живот ви предлагаме 5 интересни книги кои можат да ви бидат навистина корисни:

„Идиот“ од Елиф Батуман

Како финалист за Пулицеровата награда во 2018-та, оваа приказна е за една млада жена за време на нејзините студии на Харвард.

Комплетно хумористична и одлична за секој кој нема идеја што всушност правел на факултет. Во принцип многу од предметите на факултет можат да бидат тотално бескорисни и во ред е тоа да си го признаеме.

Оваа книга ќе ви даде сила да си ги признаете работите за кои можеби сè уште не сте спремни.

5_knigi_koi_ke_ve_podgotvat_za_slednoto_poglavje_od_vasiot_zivot_po_zavrsuvanje_na_fakultet_02.jpg

„Слатко-кисело“ од Стефани Данлер

Настаните од оваа книга се сместени во добата пред паметните телефони, односно во 2006-та година. Една жена се вселува во Њујорк, сакајќи да искуси сè што животот нуди додека е сè уште млада.

Оваа книга дефинитивно ќе успе да го задржи вашето внимание и ќе посакате да ја прочитате во еден здив.

5_knigi_koi_ke_ve_podgotvat_za_slednoto_poglavje_od_vasiot_zivot_po_zavrsuvanje_na_fakultet_03.jpg

„Дрво расте во Бруклин“ од Бети Смит

Оваа е тотална класика, но сè уште релевантна книга за младите жени. Во книгата се раскажува за една млада жена, која според насловот, расте во Бруклин и се бори со теми од животот како сексуалноста, кариера и тешкотиите на пронаоѓање на сопствениот идентитет во светот во кој живее.

5_knigi_koi_ke_ve_podgotvat_za_slednoto_poglavje_od_vasiot_zivot_po_zavrsuvanje_na_fakultet_04.jpg

„Што губиме?“ од Зинзи Клемонс

Оваа новела на Клемонс е одлична за секој кој го почуствувал судирот на култури помеѓу земјата во која се родил и земјата во која живеел. Се фокусира на африканско-американска жена со потекло од Јоханесбург, Јужна Африка.

Таа живее во Пенсилванија и ја губи својата мајка пред да добие шанса да научи од каде потекнува. Интересна книга за потрага на идентитетот, која сигурно ќе ви се допадне.

5_knigi_koi_ke_ve_podgotvat_za_slednoto_poglavje_od_vasiot_zivot_po_zavrsuvanje_na_fakultet_05.jpg

„Хемија“ од Вејк Ванг

За секој кој е склон на блага паника, особено во годините поминати на факултет, оваа книга е полн погодок. Се работи за неименуван кинески наратор кој одеднаш сфаќа дека не сака да учи факултет за хемија и откако нејзиниот дечко ќе ѝ предложи брак, започнува да се сомнева дали воопшто е заљубена во него.

Одличен приказ на нашите сомнежи и конфузии низ кои поминуваме целиот свој живот, а особено во период на важни промени.

5_knigi_koi_ke_ve_podgotvat_za_slednoto_poglavje_od_vasiot_zivot_po_zavrsuvanje_na_fakultet_06.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg