Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од читател за читател - донеси стара и земи нова книга

Живееме и бараме инспирација во секојдневието, некаква мотивација што ќе не продлабочи самите себе. Замислуваме дека се наоѓаме во далечни светови, на места одамна посакувани. Копнееме по авантура, за да ѝ избегаме на монотонијата.

od citatel za citatel donesi stara i zemi nova kniga 1

Кога ќе се најдеме во слични ситуации, не ни преостанува ништо друго освен задоволството на движењето да го најдеме во книгата. Страниците со приказни ни ја зголемуваат креативноста, нé освежуваат и нé потсетуваат дека никогаш не сме сами на овој свет. А, покрај сé ни го храни мозокот и ни ја зголемува меморијата.  

На сите ни е познато дека самиот чин на читање ни овозможува карта за нови и неоткриени светови, каде може да налетаме на нашата проекција и креативно надразнети и пополнети да се вратиме во реалноста.

od citatel za citatel donesi stara i zemi nova kniga 2

Издавачката куќа „Матица македонска“, кои секогаш се залагаат за подобрување на културата за читање, организира хумана кампања поврзана со пишаниот збор.

Донесете прочитана и земете нова книга по половина од цената на Булевар на книгите или Паркот на книгите, а старите примероци ќе бидат донирани на здружението за бубрежно болни граѓани НЕФРОН за збогатување на библиотеките во центрите за дијализа.

Авантури, трилери, љубовни романи и филозофски текстови. Секој има право на добра книга.

od citatel za citatel donesi stara i zemi nova kniga 3

Од читателите за читателите. Ова е уште еден доказ дека книгите имаат магична моќ врз животот на човекот, па затоа љубителите на пишаниот збор потајно се разбираат и комуницираат на еден посебен начин.

На крај ништо не преостанува освен да се потсетиме дека најбогатите библиотеки се создадени од самите читатели.

od citatel za citatel donesi stara i zemi nova kniga 4

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
Прва книга од нашата млада писателка Драгана Љотовска - Прирачник за личен и духовен развој На 12.02.2025г. се одржа промоција на првата книга на авторката Драгана од Скопј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg