Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Волшебен компас“ од Сашо Огненовски сега достапна и на српски јазик

Неодамна од печат излезе српскиот превод на книгата со детски пиеси "Чаробни компас" (Волшебниот компас) од Сашо Огненовски.

volseben-kompas-na-sasho-ognenovski-sega-dostapna-i-na-srpski-jazik-1.jpg

Во неа се поместени пет детски пиеси: Новогодишни забуни, Новогодишна вртелешка, Обична бајка, Новогодишен споменар и Волшебниот компас.

Пиесите беа поставувани на сцената на Битолскиот театар, а беа изведувани и како независни проекти. Македонската верзија е издадена во две книги во 2002 и 2011 година како независни изданија.

Сашо Огненовски е актер и писател. Досега издал три книги поезија, две пиеси за возрасни и две книги пиеси за деца. Ова е прв превод на негови пиеси на српски јазик.

Промоцијата на српскиот превод е планирана за почетокот на април во Белград.


Биографија

Сашо Огненовски е роден 1964 год. во Битола. Во 1987 година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за Драмски актери.

Во 2002 година магистрира на Институтот за Социолошки и Политичко-Правни Истражувања во Скопје на отсекот за Комуникации и медиуми, а во 2017 година докторира на Институтот за комуникации и медиуми при правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Работел како актер во Народниот театар од Битола и како Стручен соработник на Педгошкиот факултет во Битола, а и како професор на Славјанскиот Универзитет.

Досега ги објавил книгите поезија „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“, (2104) и „Пустински цвет“ (2015), книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), монографијата „Ацо Ѓорчев – актерска легенда“ и  книгата со драми „Тврдина“ (2016) која неодамна излезе од печат и на англиски јазик.

Преведувал од англиски и српски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски и анлиски јазик.

volseben-kompas-na-sasho-ognenovski-sega-dostapna-i-na-srpski-jazik-2.JPG

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg