Живописни книги кои ќе ве натераат ширум да ги отворите очите

Без оглед дали се работи за љубовта, работата или животот општо, некои книги имаат моќ да ви ги отворат ширум очите и да го погледнете светот со поинаков поглед.

Zivopisni-knigi-koi-ke-ve-nateraat-shirum-da-otvorite-oci-01.jpg

Што ако се решите ненадејно да заминете во далечна земја само поради една разгледница?

Што доколку на патот кон среќата и љубовта ви се испречи војната?

Што ако завршите како заложник и случајно пронајдете сојузник за бегство, спасител и – љубов?

Одговорите ќе ги пронајдете во следните 3 неверојатни живописни книги:

Ваби Саби - Франсеск Миралјес

Самуел има 8-годишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан. Едно јунско утро ќе добие разгледница од Јапонија. На неа има маче со подигната шепа и една таинствена порака: Ваби саби.

По неколку дена Самуел добива и втора разгледница која на фотографијата прикажува еден храм.

Наскоро, тој тргнува на далечен пат кон оваа неверојатна азиска земја. А таму ќе ја научи убавината на несовршените нешта, што значи да љубиш и дека она мало нешто кое се нарекува живот, а постои помеѓу две големи ништо, треба да се искористи до последниот здив, секој ден.

Zivopisni-knigi-koi-ke-ve-nateraat-shirum-da-otvorite-oci (1).jpg

Снеговите на љубовта - Нермин Безмен

Младиот царски офицер Сеит ја запознава благородничката Шура на еден бал. Доколку постои љубов на прв поглед, тоа мора да им се случува на двајцата млади, бидејќи тие се потполно маѓепсани еден од друг.

Сепак, нив ги разделуваат премногу работи, почнувајќи од социјалната класа, до религијата, а набрзо и ужасот од Првата светска војна и руската револуција.

Нивните срца ќе сторат сè да ги поминат сите препреки и да се изборат за правото кое можеби е најсвето од сите покрај слободата – правото на љубов.

Zivopisni-knigi-koi-ke-ve-nateraat-shirum-da-otvorite-oci (2).jpg

Точка на кулминација - Памела Клер

Натали заминува на службено патување како новинарка. Патувањето наскоро се претвора во пекол кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.

Во дувлото среде пустината каде што Натали е заробеничка е и командирот Зак Мек Брејди. Откако неговата мисија тргнала наопаку, тој паднал во рацете на истите крволочни измачувачи и убијци како и Натали.

За неа тој е само глас кој ќе прозбори во мракот, но тој глас од соседната ќелија е нејзината последната надеж за живот и дома.

Жената и мажот кои одбиваат да кренат раце туку-така го започнуваат своето бегство низ морничавата пустина…

За Натали–тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина.

Zivopisni-knigi-koi-ke-ve-nateraat-shirum-da-otvorite-oci (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg