Најстрашните чудовишта во литературата

Светот на книгите е полн со авантури, херои, магични светови, но исто така е и свет полн со чудовишта, демони, мноструми и митски суштества.

najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-01.jpg

Ова се некои од најстрашните чудовишта кои можете да ги најдете во литературата.

Џиновската лигња од 20.000 милји под морето, Жил Верн

Подводниот брод на капетанот Немо, Наутилус, е опремен со најнапредните оружја за 1.800 година, вклучувајќи ги и електрифицираните куршуми. Но, кон крајот на романот, Наутилус го напаѓа големо чудовиште кое изгледа како џиновска лигња. Верн никогаш не ја опишал точната големина на ова чудовиште, само напишал дека има пипала долги 27 метри.

Najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-01


Вендиго од индијанските митови

Митовите околу ова чудовиште варираат од племе до племе. Вендиго е канибалистичко чудовиште кое ги јаде луѓето. Во индијанските племиња веруваат дека секој човек кој прибегнува кон канибализмот ќе се претвори во Вендиго.

Najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-02


Пенивајз од романот на Стивен Кинг, Ит

Ова е само уште една причина да се плашите од кловнови. Глумата на Тим Кари во филмската верзија е извонредна, но книгата е многу подобра. Пенивајз е името на кловнот кој ги привлекува децата да дојдат до него. Всушност се работи за суштество од вонземско потекло.

Najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-03


Фенрис, нордиска митологија

Фенрис (или Фенрир) е огромен, црн волк, потомок на богот Локи. Според приказните Фенрис ќе го нападне и ќе го убие Один, кралот на боговите, за време на Рагнарок. Рагнарок е викингшки Армагедон. Фенрис е огромен волк со желба за човечко месо.

Najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-04


Медуза, грчка митологија

Медуза е ќерка на боговите на морето Форкиј и Кето, а во оригиналната верзија на митот, таа и нејзините три сестри имаат коса од змии. Во литературата е популаризирана од страна на Овидиј, кој ја опишува во неговите Метаморфози. Во повеќето верзии на митови, Медуза е погубена од Персеј, кој ја убива со помош на огледало.

Najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-05


Грендел, Беовулф

Првиот од трите главни негативци во анонимниот еп. Тој е опишан како потомок на Каин. Сепак, тој никогаш не бил опишан во песната, се спомнува само дека се работи за ужасно и страшно чудовиште.

Najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-06


Џабервоки, Алиса во земјата на огледалото, Луис Керол

Причината поради која ова суштество е толку страшно е неговиот маестрален опис. Кеол дури измислил нови зборови да го опише. 

Najstrasnite-cudovista-vo-literaturata-07

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
Популарни книги за самопомош, што целосно ќе ви го променат погледот на бизнис светот Три книги што се наменети за оние што сакаат да напредуваат во бизнисот, а на ко...
3 психолошки романи кои вреди да се прочитаат (и кои долго ќе ги помните) Кога се спомнуваат психолошките романи, обично прв на ум ни паѓа Достоевски и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg