Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модернизам, Бит генерација: 4 литературни движења кои го потресоа светот

Војните не се единствените кои можат да го променат светот. Книжевниот свет може да изгледа тивко и неважно, но зборовите имаат моќ, а нивниот кумулативен ефект може да го менува светот културно, политички и филозофски.

4-literaturni-dvizenja-koi-go-potresoa-svetot

Овие 4 литературни движења го потресоа светот и го сменија начинот на кој размислуваме:

1. Романтизам

Создаден како отпор кон класицизмот, романтизмот фаворизира емоции, индивидуализам, слобода, егзотика, имагинација, фантастика.

Но, она што е најважно за овој период е тоа што за првпат приоритетот се става на фантазијата на поединецот. Овие концепти во литературата се користат и денес, но во тоа време се работеше за вистинска револуција.


2. Модернизам

Индустрискиот развој во доцниот XIX век, како и другите социјални фактори, придонесе за промената во книжевоста.

Писателите како Вирџинија Вулф, Т. С. Елиот и Езра Паунд го менуваат начинот на нарација и ги раскажуваат приказните на поинакви начини.

Текот на свеста на Вулф го смени концептот на реалноста.


3. Поетите во Првата светска војна

Можеби не се работи за движење, туку за група од значителни млади луѓе кои пишувале поезија во крвавите ровови во Франција. Тие на јавноста и ги покажаа ужасите на војната во бескомпромисен стил кој ги скрши сите романтични илузии на витези.

Самите поети, како и нивните дела, останаа живи во нашата колективна меморија.


4. Бит генерација

Бит генерацијата беше група на автори кои пишуваа под влијание на американската култура во периодот по Втората светска војна. Најголемиот дел од нивната работа е објавен и популаризиран во текот на 1950-тите.

Централните елементи на Бит културата се отфрлање на стандардните вредности, наративот, духовнатата потрага, отфрлање на материјализмот, експлицитни прикажувања на човечката состојба, експериментирање со психоделични дроги и сексуалната слобода.

Најпознатите претставници на Бит генерацијата беа Керуак, Гинзберг и Бароуз. Тие имаат развиено репутација на нови боемски хедонисти кои ја прославуваат спонтаната креативност.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 класични дела кои не смеете, а да не ги прочитате Кога на училиште ќе требаше да се обработува лектира која е на листата „светски ...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 книги за млади што можете да ги прочитате за време на пролетниот распуст Три романи наменети за младите читатели. Идеални за да одморите од лектирите и к...
3 книги од Колин Хувер, што ќе ве остават без зборови Колку романи од Колин Хувер сте прочитале? Во продолжение некои од нејзините пом...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 романи од омилените автори на Милош Биковиќ Какви книги чита Биковиќ? Кои 3 книжевни дела му се омилени и според него, вреди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg