Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите имагинарни светови во литературата

Низ историјата на англиската книжевност, стотици писатели создадале фантастични светови. Тие понекогаш биле создадени поради сатира, а понекогаш поради задоволство.

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-001.jpg

Ова е избор од седумте најдобри измислени светови во англиската литература:

Dreamlands, Х. П. Лавкрафт

Dreamlands е огромна, алтернативна димензија во која може да се влезе преку соништа, слични на астрална проекција или луцидно сонување. Искусните сонувачи се меѓу најмоќните жители на оваа земја. Иако терминот Dreamlands обично се однесува на димензија достапна за луѓе кои сонуваат и другите населени планети можат да имаат своја земја на соништата. Времето тече на поинаков начин во Dreamlands, еден час на земјата претставува една недела или повеќе таму. Поради тоа жителите на Dreamlands се или долговечни или бесмртни, под услов да избегнат повреда или болест.

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-1.jpg


Недојдија, J. M. Бери

Исто така наречена и Никогаш Никогаш земја е измислен остров и свет во кој живее Петар Пан, момчето кое не сака да порасне. Секој кој живее во Недојдија не може да остаре затоа, Недојдија често се гледа како метафора за вечното детство и бесмртност. Оваа земја, како се објаснува во романот, се наоѓа во умовите на децата. Според Петар Пан, Недојдија престојува во морето познато како Море на илјада острови.

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-2.jpg


Шангри-Ла, Џејмс Хилтон

Шангри-Ла е измислено место опишано во романот Заборавен хоризонт од британскиот автор Џејмс Хилтон. Шангри-Ла е мистична, хармонична долина. Таа станала синоним за рај на Земјата. Жителите на оваа земја се речиси бесмртни. Приказната за Шангри-Ла се базира на концептот на Шамбала, мистичното место во традицијата на тибетанските будисти.

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-3.jpg


Утопија, Томас Мор

Утопија е име за идеално општество, преземено од насловот на една книга напишана во 1516 од страна на Томас Мор. Тој го опишува измислениот остров во Атлантскиот Океан, во кој владее навидум совршен социо-политичко-правен систем.

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-4.png


Земјата на Оз, Френк Баум

Оз е земја опишана во книгата Чудесниот волшебник од Оз. Оз е приближно во правоаголна форма и е поделен по дијагонали во четири земји: Munchkin земја на исток, Winkie земја на запад, Gillikin земјата на север и Quadling земја на југ. Во центарот на Оз е легендарниот Смарагден град. „Тото, имам чувство дека не сме во Канзас повеќе.“

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-5.jpg


Нарнија, К.С. Луис

Нарнија е фантастичен свет создаден од Луис како примарна локација за неговиот серијал од седум романи за деца, Хрониките на Нарнија. Во Нарнија, некои животни можат да зборуваат, полна е со митски суштества, а магијата е честа појава. Во Нарнија можат да дојдат само децата од нашиот свет. Според митологијата, Нарнија е создадена од Аслан, големиот лав.

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-6.jpg


Земјата на чудата, Луис Керол

Се работи за чуден и навидум луд свет во кој може да се стигне преку зајачка дупка. Животните овде се однесуваат како луѓе. Физичката големина, како и времето, се релативни. Постојат повеќе начини да се стигне до оваа земја, а освен преку зајачка дупка може да се влезе и низ огледало.

najdobrite-fantasticni-svetovi-vo-literaturata-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог наслови од познатите Македонци: Која книга им оставила најголем впечаток? Кои им се омилени книги на познатите Македонци? Која е една книга што им оставил...
Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти “Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Пр...
3 книги за млади што можете да ги прочитате за време на пролетниот распуст Три романи наменети за младите читатели. Идеални за да одморите од лектирите и к...
Промоцијата на вториот роман на 23-годишниот писател Павел Миленковски – Рогоз На 5 февруари 2024 година, Домот на млади во Штип беше домаќин на незаборавна кн...
Промовирана книгата „Гледна точка“ на Бојаџи – спој на наука и белетристика Македонската книжевна сцена е збогатена со ново дело кое ветува дека ќе остави т...
Најдобрите љубовни романи на сите времиња (според кои се снимени и филмови) Можете да прочитате некои од безвременските љубовни класици, или пак да им дадет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg