Малиот принц- задолжителна лектира за возрасни

Можеби многумина го помнат само насловот на „Малиот принц“, своевремено задолжителна лектира за четврто одделение.

maliot-princ-zadolzitelna-lektira-za-vozrasni-1

Доколку не сте ја прочитале, или не се сеќавате на ништо од оваа книга, задолжително нека се најде на вашата листа на дела кои го заслужуваат вашето внимание.

„Малиот принц“ изгледа како сказна за деца со наивни цртежи, но ова е книга за возрасни – во неа ќе видите сè што сте заборавиле низ годините: како да се радувате, како да ги забележувате сите убавини на светот, како сте заборавиле да се восхитувате на цвеќињата, ѕвездите и деновите.

Во прилог неколку извадоци:

„Требаше да не го слушам, ми се довери еден ден, цвеќињата никогаш не треба се слушаат. Тие треба само да се гледаат и да се мирисаат. Моето цвеќе ја намирисуваше мојата планета, но јас не знаев да уживам во тоа. А работата околу трнчињата што толку ми здодеваше, всушност требаше да ме развеселува...."

Тој ми го довери и уште ова:

„Тогаш јас ништо не умеев да разбирам. Требаше да судам за него по делата, а не по зборовите. Тоа ме намирисуваше и освежуваше. Не требаше никогаш да избегам од него. Требаше да ја насетам неговата нежност зад оние малечки итрини. Цвеќињата се толку настраничави! Но јас бев многу млад за да знам да сакам"...

 

„Тоа што ви ги раскажав овие детали за астероидот и што ви го доверив дури и неговиот број, е само заради возрасните. Тие сакаат бројки. Кога им зборувате за некој нов пријател, никогаш нема да ве прашаат за она што е важно.“

Тие никогаш нема да ви речат:

„Каков е звукот на неговиот глас? Кои се игрите што ги сака најмногу? Дали собира пеперутки?“

Тие ќе ве прашаат „Колку години има? Колкумина браќа има? Колку е тежок? Колку заработува татко му?“ И само тогаш мислат дека го познаваат.

Ако им речете на возрасните:

„Видов една убава куќа со розови тули, со гераниуми на прозорците и со гулапчиња на покривот...“, тие нема да успеат да ја замислат таквата куќа.

Треба да им се рече: „Видов една куќа од сто илјади франка“. Е тогаш тие ќе извикаат: „Колку убава куќа!“...

 

„Човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите. (Најважните работи во животот не можете да ги видите, но можете да ги почувствувате)."

 

maliot-princ-zadolzitelna-lektira-za-vozrasni-2 

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
3 романи од омилените автори на Милош Биковиќ Какви книги чита Биковиќ? Кои 3 книжевни дела му се омилени и според него, вреди...
Три (контроверзни) книги за префинети читатели Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици...
Од траума до триумф: Автобиографија за храброста и верата во човечката сила Издавачката куќа САКАМ КНИГИ на 06.04.2024 (сабота), во 13:00 часот во книжарниц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg