3 предлог книги наменети за љубителите на современите романи

Ако сте вистински љубители на пишаниот збор, овие 3 книги тогаш со сигурност ќе ви се допаднат.

3-predlog-knigi-nameneti-za-ljubitelite-na-sovremenite-romani-01.jpg

Издвојуваме 3 современи романи, што секој вистински љубител на книжевноста не може да ги прескокне.

„Списокот за читање“ - Сара Ниша Адамс

Дебитантскиот роман на Сара Ниша Адамс за првпат е објавен во 2021-ва година и набрзо потоа беше прогласен за најдобар летен роман од повеќе релевантни списанија.

Ова е приказна за тоа како двајца сосема различни луѓе ќе успеат да изградат цврста комуникација благодарение на книгите.

Алиша е тинејџерка која работи во библиотеката во текот на летните месеци и кога сосема случајно ќе најде листа за читање со книги за кои што никогаш не слушнала, па одлучува да ги прочита сите дела на списокот...

Од друга страна, во романот се обработува и приказната на вдовецот Мукеш, кој живее мирен живот во Западен Лондон и е очаен да ја подобри комуникацијата со својата внука, која е вљубеник на книги.

Алиша ќе му го даде списокот во надеж дека со тоа ќе му помогне. Полека, но сигурно, прочитаните книги ќе им помогнат да создадат цврсто пријателство, да побегнат од тагата и секојдневните проблеми и повторно да бидат среќни.

3-predlog-knigi-nameneti-za-ljubitelite-na-sovremenite-romani-02.jpg

„Последната книжарница во Лондон” – Медлин Мартин

Сместено во периодот пред Втората светска војна, романот ја раскажува вистинската приказна на книжарниците што се обидувале да ја преживеат загубата во војната, но и ја потврдува моќта на литературата, која е безвременска.

Во 1939-та година, додека војската на Хитлер полека почнува да зазема територии во Европа, Грејс Бенет се сели за да го оствари својот сон и да живее во Лондон, но бункерите и затемнетите завеси не се она што таа го очекувала...

Таа никогаш не сонувала дека ќе се вработи во Прмроуз Хил, стара книжарница во срцето на Лондон.

Набрзо Грејс ќе сфати дека книгите имаат огромна моќ, а приказните успеваат да ги обединат луѓето дури и во моментите кога ноќите во војната изгледаат премногу долги и неизвесни.

3-predlog-knigi-nameneti-za-ljubitelite-na-sovremenite-romani-03.jpg

„Исповед“ – Жауме Кабре

На 60 години Адриа Ардевол го преиспитува сопствениот живот, пред неговото сеќавање систематски да биде избришано.

Тој се сеќава на осаменото детство, каде најинтересни биле семејниот бизнис со антиквитети и работната канцеларија на татко му каде се криел со часови играјќи се со фигури и скриен зад фотелјата се обидувал да ги сфати тајните на неговиот татко.

Татко му, бил горд затоа што во својот сеф ја има виолината Сториони од 1764-та година, која ја добил благодарение на своите врски во Ватикан, а Адрија и неколку децении подоцна има грижа на совест затоа што му ја дал комбинацијата на сефот на својот пријател и му ја позајмил виолината, па предизвикал вистинска забуна.

3-predlog-knigi-nameneti-za-ljubitelite-na-sovremenite-romani-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg