3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа
Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. Книгите, кои ја раскажуваат приказната за Џек и Лорелин, се читаат во еден здив, а читателот до последната страница не знае дали приказната преточена во три книги ќе има среќен крај.
Американката Џорџија Кејтс, 14 години работела како акушерка пред да реши да ја остави професијата и да го следи својот сон, да стане писателка.
Се прослави со трилогијата еротски романи, „Убавина“, за која читателите велат дека се одлично летно четиво, а главните ликови им се меѓу омилените.
Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. Книгите, кои ја раскажуваат приказната за Џек и Лорелин, се читаат во еден здив, а читателот до последната страница не знае дали приказната преточена во три книги ќе има среќен крај.
„Убавина до болка“
Австрискиот мултимилионер Џек Меклахлан си договара краткотрајни „врски“ за да не се врзува емотивно за своите партнерки. На секоја ѝ нуди договор однапред кој мора да го потпише – дека ќе си помине убаво додека е со него во краткото време во кое ќе се заедно, но дека нема да користат вистински имиња.
За него совршен кандидат е Лорелин, Американка што за 3 месеци се враќа дома. По кратко убедување од Џек, таа го прифаќа неговиот предлог и прифаќа да користи лажно име за да биде со него.
Но, работите не се такви како што очекуваат ни таа ни тој.
„Убавина од задоволство“
Втората книга од трилогијата почнува со потрагата на Џек по неговата кандидатка број 14. Откако сфаќа дека не знае која е и како да ја најде, мултимилионерот ангажира приватен детектив за да ја пронајде.
И Лорелин чувствува празнина по враќањето од Австралија, но решена е да продолжи понатаму со животот...
„Убавина од љубов“
Последната книга од серијалот „Убавина“ почнува веднаш по свадбата на Џек и Лорелин. И покрај тоа што се подготвени да за заедничкиот живот, не можат да побегнат од минатото и од поранешната девојка на Џек.
A. J. | Црнобело