10-те најконтроверзни филмови од 1990-тите кои треба да ги изгледате
Pulp Fiction
Не треба да бидете изненадени што на листата се наоѓа филм на Тарантино.
Дејството следи период од животот на двајца платени убијци, боксер, гангстер и неговата сопруга.
Филмот беше критикуван поради насилството (кое е препознатливо за Тарантино) и тоа што ликовите отворено користат наркотици.
Schindler’s List
Главниот лик е Оскар Шиндлер кој за време на Втората светска војна успева да спаси многу евреи, така што ги вработува во неговата фабрика.
Самиот филм обработува тешка тема, но ова не е единственото нешто што го прави контроверзен. Филмот беше забранет во неколку држави, како Индонезија, бидејќи беше оценет како пропаганда со која се бара сочувство за евреите.
;Trainspotting
Снимен според истоимената книга на Ирвин Велш, главните ликови на Trainspotting се неколку зависници на дрога, од кои едниот пробува да се исчисти и да си го среди животот.
Филмот беше критикуван поради отвореното користење дрога на ликовите.
Денес филмот е класика и многумина сметаат дека е одлична кампања против користење дрога бидејќи (премногу) реално прикажува како изгледа животот на зависниците.
Silence of the Lambs
Детективката Кларис го интервјуира канибалот Ханибал Лектор кој е во затвор, со надеж дека ќе ѝ помогне да фати друг сериски убиец.
Покрај насилството, своевремено филмот беше критикуван бидејќи серискиот убиец е маж кој сака да се облекува како жена и со тоа создава погрешна слика за ЛГБТ заедницата. Поради ова, режисерот многупати јавно се извинуваше.
American History X
Главниот лик е нео-нацист кој по неколку години поминати во затвор, си ги променува лошите верувања. Кога излегува на слобода, пробува да го спречи брат му да тргне по истиот погрешен пат како него.
Покрај насилството, некои критичари сметаат дека сериозните теми во филмот, како расизмот, не се доволно обработени.
Спирова С. | Црнобело