Фото-споредба: Актерите од божиќниот филм Love Actually - некогаш и денес
Светкави улички, накитени елки, декорирани домови и љубов која зрачи насекаде наоколу нас. Прекрасна зимска идила која ги исполнува срцата.
Да не ги заборавиме и неизбежните божиќни филмови кои со сигурност се едни од главните обележја за време на празниците.
Love Actually (2003) со сигурност се смета за еден од најромантичните, божиќни филмови кој притоа претставува асоцијација дека за време на новогодишните празници – сѐ е возможно!
Ќе се согласиме: Ниту еден филм не го сумира духот на Божиќ на толку емотивен, влијателен и пријатен начин. Во низата на незаборавниот Home Alone, ова е најголемиот божиќен филм на сите времиња.
Дејството започнува пет недели пред Божиќ и ги носи гледачите низ повеќе романтични патувања.
Станува збор за 10 посебни приказни, од кои повеќето се вкрстуваат една со друга.
Она што ги поврзува сите заедно? Љубовта. Ансамблот ги вклучува извонредните Ема Томпсон, Лијам Нисон, Хју Грант, Колин Фирт и многу други.
Во продолжение за вас направивме мала фото-споредба која ни покажува како изгледале актерите од неверојатниот Love Actually некогаш, а како изгледаат денес:
Eндру Линколн
Кира Најтли
Хју Грант
Мартин Мекучон
Колин Фирт
Луција Мониз
Лаура Линеј
Родриго Санторо
Ема Томпсон
Алан Рикман
Томас Броди – Сангстер
Оливиа Олсон
Роуан Атиксон
Хaјке Макач
Бил Најти
Мила М. | Црнобело