Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер
Култниот Halloween, но и морничавиот The Thing - кои се најдобрите хорор филмови на Џон Карпентер, режисерот кој се истакнува во овој жанр?
Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својата кариера во средината на 1970-тите, кога снимил неколку нискобуџетни филмови, од кои најмногу се истакнал „Halloween“.
Во наредните децении имал неколку успешни соработки со актерот Курт Расел. Во текот на 90-тите години продолжил да снима филмови, но со значително помал успех.
Покрај режијата, Карпентер бил одговорен за сценариото и за музиката на повеќето од неговите филмови.
Ова се најдобрите филмови на Џон Карпентер што оставиле голем белег врз филмската историја:
Assault on Precinct 13 (1976)
Ова е вториот долгометражен филм на Карпентер. Се работи за акциски трилер за полицајци и затвореници во Лос Анџелес кои се принудени да ја бранат локалната полициска станица од банда одмаздници.
Денес се смета за култен филм, а во 2005 година е снимена адаптација со Итан Хок и Лоренс Фишбурн во главните улоги.
Big Trouble In Little China (1986)
Курт Расел игра главна улога во овој акциски филм со елементи на фантастика. Тој е возач на камион, кој ќе се вмеша во конфликтот меѓу бандите и тајните друштва во кинеска населба во Лос Анџелес.
Овој филм не постигнал голем успех во 80-те, но како и многу други филмови на Карпентер, истиот стекнал подобра репутација во наредните години.
Escape From New York (1981)
Ова е постапокалиптичен научно-фантастичен филм. Дејствието се одвива во блиска иднина во Њујорк (во 1997 година), времето кога земјата станала преплавена со криминал, а островот Менхетн го изгубил стариот сјај и сега е голем затвор.
Кога терористите ќе го киднапираат американскиот претседател и ќе го однесат на оваа локација, Курт Расел, кој глуми поранешниот специјалец, треба да го спаси.
The Thing (1982)
Се работи за адаптација на познатиот роман на Џон В. Кембел. Ова е приказна за група американски истражувачи на Јужниот Пол кои имаат блиска средба со суштество од друга планета.
Ова суштество има моќ да се трансформира во други организми, како и во членовите на експедицијата.
Главната улога во овој хорор повторно ја толкува Курт Расел.
Halloween (1978)
Приказната за психопатот што ги брка младите луѓе во еден мал град во Америка денес е клише, но не смееме да заборавиме дека овој филм бил многу популарен во своето време, а и самиот хорор жанр станал популарен поради него.
Снимен е за само 325.000 долари, а заработил околу 70 милиони долари ширум светот. Со текот на годините се снимени неколку продолженија и адаптации, но првиот филм е сè уште ремек-дело.
Ашера | Црнобело