Solo Mode на Тамара Котевска со светска премиера на Сараево филм фестивал 2021
Краткиот филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера на 27то издание на Филмскиот фестивал во Сараево во официјалната селекција на кратки филмови.
Соло Мод е независен краткометражен филм инспириран од Covid 19 и снимен во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин, со актерска екипа сочинета од едно вистинско четиричлено семејство и мала филмска екипа.
Улогите ги толкуваат актерот Александар Микиќ, неговата сопруга - харфистката Весна Микиќ и нивните две дечиња Иво и Ена.
Како продуценти се потпишуваат Тамара Котевска и Илија Тирицовски.
Извршни продуценти се Пеце Талески, ОХО Продукција за Македонија и на Хашми, The Corner Shop за САД, а ко-продуцент на филмот е Зејнеп Атакан, Zeyno Film од Турција.
Соло Мод е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија.
Сараево Филм Фестивал годинава ќе се одржи од 13 до 20 август.
Тамара Котевска е единствената режисерка од Македонија со 2 номинации од Нагрдите на Академијата на САД (Оскари) за документарниот филм “Медена Земја“ (2019) во ко-режија со Љубо Стефанов.
Следете ги новостите поврзани со филмот на страницата Solo Mode на Facebook.