Носталгија по едно убаво време – Цртаните од нашето детство кои сигурно сте ги заборавиле

Кога ќе се спомнат цртаните од детството сигурно прво ќе помислите на Том и ЏериБрзата птица итрица и КојототЧевлинград... Но, имаше и други цртани филмови со кои што растевме, што не беа толку многу популарни, а сепак одбележаа голем дел од нашето детство.

Nostalgija-po-edno-ubavo-vreme-crtanite-od-nasheto-detstvo-koi-sigurno-ste-gi-zaboravile-01.jpg

Често се говори за тоа како растат нашите деца, а како растевме ние. Ние чекавме секоја вечер во 20 часот да ни пуштат еден цртан филм, а потоа да си легнеме да спиеме.

Освен навечер, детска програма имаше и наутро што се состоеше од по еден до два цртани, некоја детска песничка и тоа беше тоа.

Ако ве фаќа носталгија за тоа време, за среќа денес некои од цртаните со кои растевме се достапни и на YouTube, па може да погледнеме по некоја епизода и да се потсетиме на нашите цртани херои.

Во продолжение да се потсетиме на некои од нив, на кои најверојатно нема ниту да ви текне дека сте ги гледале, ако некој не ве потсети.

Летечки Мечиња

Цртаниот филм „Летечки мечиња“ беше направен во копродукција со Загреб Филм од Хрватска и CinéGroup од Канада. Цртаниот филм се емитуваше во 1990-тата година, а преку него учевме колку е важно да се чува животната средина.

Се фокусира на ретките летечки мечиња што живеат во магична шума. Нивна задача е да ја чуваат чумата од загадување. Како и да е, нивните напори честопати се попречени од две ласици што пак сакаат да ја загадуваат шумата. Во сите епизоди мечињата успеваат да ги спречат плановите на ласиците, секако со помош на стариот медо Платон (кој е премногу стар за да лета) и од бувот.

https://www.youtube.com/watch?v=ioWjfJ7CQRs

Денвер Последниот Диносаурус

Станува збор за американско-француска цртана серија што се емитуваше во 90-тите години на минатиот век.

Во него ги следевме авантурите на Денвер, последниот диносаурус чие јајце беше најдено од страна на четри тинејџери: Џереми, Марио, Шејдс и Кејси, заедно со сестрата Хедер.

Децата го учеа Денвер како да вози скејтбод и правеа сè за да го заштитат од рок-менаџерот Мортон Фидзбек кој сакаше да го користи диноасурусот за да прави пари.

Були

Сива шапка, црвен шал и црвено носе – тоа е Були. Речиси и да нема некој што растел во 90-тите, а да не се сеќава на цртаниот снешко што ни правеше друштво секоја вечер пред спиење.

Во овој француски цртан филм, Месечината е таа што го доведува малиот снешко во живот и не дозволува да се стопи на сонцето. Да се присетиме и на Були.

Кире Бананамен

Песната Кире Бананамен и денес ја пеат дечињата, благодарение на тоа што беше вметната и во една од епизодите на серијалот „Дајте музика“ иако во суштина можеби и не го гледале цртаниот филм за момчето Кире кое штом ќе изедеше една банана, магично се преобразуваше.

„Бананамен“ потекнува од Обединетото Кралство, а се емитуваше во периодот од 1983-тата до 1986-тата, а кај нас и во периодот на 90-тите години. Приказната е заснована на стрип-јунакот „Бананамен“ .

https://www.youtube.com/watch?v=icBwty0DnkY

Палавковци

Иако не станува збор за класичен цртан филм, „Палавковци“ често беше вклучена во детскиот блок, наместо цртан филм. Дали се сеќавате кој јунак постојано паѓаше во брашното?

Верувале или не, иако ние ја гледавме серијата во 90-тите, таа е мошне постара и била направена во 1961-година, а внатре се вклучени кратки инсерти од сериите на Хал Роач „Нашата банда“ (Our gang). Речиси сите се сеќаваме на забрзаните слики во движење што беа проследени со нарација.

https://www.youtube.com/watch?v=IXyzznczN6k

Ракуни

Ракуни беше канадска анимирана серија што се прикажуваше во периодот од 1985-тата до 1992-та година. Слично како и во другите серии и во оваа серија главна тема беше зачувувањето на животната средина.

Така Перо Ракунот и неговите пријатели ги здружуваа напорите за да ја зачуваат шумата од Киро Стипсата кој сакаше да ја уништи шумата за да направи пари.

Таличниот Том

Иако целото дејствие во цртаниот филм се случува на дивиот запад во САД, Таличниот Том сепак потекнува од Белгија. Тој се заснова на стрип серијата направена од страна на белгискиот карикатурист Морис уште во 1946-тата, кој целосно рачно ги нацртал и ги пишувал сценаријата на стрипот сè до 1946-тата година.

По ова започнал соработка со францускиот писател Рене Госјини. Нивното партнертсво траело сè до смртта на Госјини во 1977. По ова Морис соработувал со повеќе други писатели.

Стрипот бил потоа преработен во анимиран филм, во акциони филмови и видео игри.

Главен лик во цртаниот филм е каубојот Таличниот Том што е побрз од сопствената сенка, а ги брани градовите од бандата на браќата Далтон.

La linea

„Бајум - бајум“... Овој цртан филм како деца го викавме така, но всушност се вика La linea. Говорот на непознатото нацртано човече не можевме да го протолкуваме како некој конкретен јазик, но сепак тоа потекнува од Италија.

Анимираната серија била креирана од италијанскиот карикатурист Освалдо Кавандоли, и целиот серијал се состои од 90 епизоди, што оригинално се емитувале на каналот RAI во периодот од 1971 до 1986 година. Познатата песна што оди во позадина е дело на Франко Годи...

Да се присетиме на цртаниот херој од детството.

ТУКА може да се потсетите на уште неколку цртани филмови од нашето детство. 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg