10 хорор филмови кои ги променија правилата и освоија Оскар
Misery (1990) – една номинација и еден Оскар
Адаптацијата на истоимената морничава книга на Стивен Кинг е уште еден хорор филм што се закити со Оскар – актерката Кети Бејтс победи во категоријата најдобра женска главна улога.
Кети ја глуми Ени, жена опседната со познат писател, а од нејзината изведба ќе ве полазат морници. Во филмот, писателот доживува сообраќајна несреќа, а го спасува токму Ени, која го носи во нејзиниот дом. Набрзо тој сфаќа дека е нејзин заробеник.
Silence of the Lambs (1991) – седум номинации и пет Оскари
Зарем можеме да ја заборавиме изведбата на Ентони Хопкинс како монструозниот Ханибал Лектор? Филмот беше номиниран во дури седум категории, а освои пет статуетки. Ентони Хопкинс и Џоди Фостер добија Оскар за најдобри главни улоги, сценаристот доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио, а режисерот за најдобра режија. Исто така, The Silence of the Lambs стана и уште е единствениот хорор со Оскар за најдобар филм.
Дејството се случува откако Ханибал Лектор е зад решетки, а ФБИ се обидува да фати друг сериски убиец. Младата детективка (Џоди Фостер) одлучува да се консултира со Ханибал за да го фати убиецот.
;Dracula (1992) – четири номинации и три Оскари
Повторно адаптација на книга, овојпат на истоимениот роман на Брам Стокер, а ова е можеби најуспешната и најдобрата екранизација на популарната книга. Филмот беше номиниран во четири категории, а победи во три – најдобра шминка и фризура, најдобра костимографија и најдобра звучна монтажа. Филмот има и одлична актерsка екипа, вклучувајќи ги Гери Олдман, Винона Рајдер, Ентони Хопкинс и Киану Ривс.
Сигурно и оваа приказна ви е позната – главниот лик е грофот Дракула, кој по секоја цена сака да ја врати во живот неговата љубена.
Black Swan (2010) – пет номинации и еден Оскар
Психолошкиот хорор на Дарен Аронофски нема да ве остави рамнодушни, а беше номиниран и за најдобар филм. Улогата во Black Swan ѝ донесе Оскар за најдобра главна женска улога на Натали Портман, кој дефинитивно е заслужен.
Вo филмот Натали глуми млада балерина која полека полудува додека работи на балетското дело „Лебедово езеро“. Нејзината изведба е толку добра, што додека го гледате филмот, на моменти ќе се чувствувате исто како нејзиниот лик.
Get Out (2017) – четири номинации и еден Оскар
За разлика од повеќето филмови на листава, Get Out не е никаква адаптација, па си заработи Оскар за најдобро оригинално сценарио. Филмот, чие дејство алудира на експлоатацијата на Афроамериканците во САД, беше одлично прифатен и од публиката, и од критичарите, a беше номиниран во вкупно четири категории.
Главните ликови се млада жена и нејзиниот момче Афроамериканец кои одат во посета на нејзините родители. Набрзо момчето сфаќа дека семејството на неговата девојка крие многу мрачна тајна.
Спирова С. | Црнобело