10 хорор филмови кои ги променија правилата и освоија Оскар
Оскарите се најпрестижната филмска награда која најчесто завршува кај „сериозни“ филмови. Вистинска реткост е филм како фантазија или хорор да се закити со оваа награда и обично победниците, па дури и сите номинирани се драми, биографски филмови, историски филмови и слично.
Но, иако ретко, одвреме-навреме на листата со номинирани завршува и понекој хорор филм, а дел од нив успеале да освојат и Оскар.
Погледнете кои хорор филмови беа номинирани и освоија по барем еден Оскар:
Dr. Jekyll and Mr. Hyde (1931) – три номинации и еден Оскар
Екранизацијата на култниот роман година си заработи дури три номинации, а актерот Фредерик Марч доби Оскар за најдобра главна машка улога.
Приказна ни е добро позната на сите – доктор Хенри Џекил од Англија смета дека во секој човек се крие и добро, и лошо. Тој почнува да експериментира со дрога обидувајќи се да ја ослободи неговата лоша страна, па успева да го „разбуди“ неговото алтер его – злобниот Едвард Хајд.
https://www.youtube.com/watch?v=sjNtluvxZBI
Rosemary’s Baby (1968) – две номинации и еден Оскар
Ремек-делото на Роман Полански е еден од омилените хорор филмови на сите фанови на жанрот. И овојпат станува збор за филм направен според книга. Рут Гордон, која ја имаше една од споредните женски улоги во филмот си доби Оскар за својата изведба.
Дејството на филмот го следи периодот од животот на младата Розмери која само што се вселува во нов стан со нејзиниот сопруг. Иако младиот пар е предупреден за мрачното минато на зградата, исполнето со убиства и сатанистички ритуали, тие сепак се вселуваат. Откако Розмери останува бремена, почнуваат да ѝ се случуваат чудни и морбидни работи за кои таа нема објаснување.
The Exorcist (1973) – десет номинации и два Оскари
До денес, ова е еден од најстрашните и најдобрите хорор филмови кои некогаш биле направени. The Exorcist e првиот филм од жанрот кој добил номинација за Оскар за најдобар филм, заедно со уште девет други номинации. На крај освои Оскар за најдобро сценарио и најдобра монтажа на звук.
Главните ликови во филмот се девојчето Реган и нејзината мајка. На почетокот нивниот живот изгледа совршено, сè додека мајката не забележи дека Реган се однесува чудно. Најпрво ја носи на лекар каде што ѝ кажуваат дека станува збор за психички проблем, но откако состојбата на Реган продолжува да се влошува, таа набрзо сфаќа дека можеби станува збор за некоја мрачна натприродна сила.
Jaws (1975) – четири номинации и три Оскари
Хит филмот на Спилберг веднаш ги освои и публиката, и критичарите, па на Оскарите си заработи четири номинации. Филмот освои дури три Оскари, и тоа за најдобар звук, најдобра монтажа и најдобра оригинална музика. Исто како The Exorcist, и овој филм влезе во трката за најдобар филм.
Дури и да не сте го погледнале филмот, веројатно сте добро запознаен со неговото дејство. Главниот негативец е ајкула убец која јаде луѓе, па тим експерти тргнуваат на мисија да ја убијат. За жал, не се воопшто подготвени за она што ги чека.
Alien (1986) – седум номинации и два Оскари
Засекогаш ќе ја помниме Сигурни Вивер како опасната Елен Рипли. Филмот на Ридли Скот беше номиниран во четири категории, а освои Оскар за најдобра звучна монтажа и најдобри визуелни ефекти. Кога ќе земете предвид колку е стар, Оскарите се повеќе од заслужени.
Дејството на филмот е сместено на вселенско летало, чии инструменти забележуваат некаква активност на планета. Екипажот одлучува да го истражи случајот, но завршуваат со морничав вонземјанин на леталото, кој сака да ги убие сите.