Во Titanic не можеше да се спаси и Џек - Лаги во кои веруваме поради филмовите
Вонземјаните не би имале хуманоидна форма
Досега сме виделе многу идеи за тоа како би изгледале вонземјаните, а во повеќето филмови тие имаат хуманоидна форма – раце, нозе, очи, уста… Но веројатноста дека ќе сретнеме вакви вонземјани, ако воопшто некогаш сретнеме, е многу мала.
Причината е тоа што ние си ги замислуваме вонземјаните според нашиот лик и условите за живот што ги имаме на планетата. Но, никогаш не знаеме како би изгледал некој вид што ќе се адаптира да потполно поразлични услови.
Одличен пример за ова се другите живи суштества на планетата кои воопшто не личат на луѓе.
Новороденчињата се многу помали
Сигурно и самите сте забележале дека новороденчиња во филмовите и сериите се многу поголеми отколку оние во реалноста. Причината е тоа што во САД е забрането да се користат бебиња помали од 15 недели за филм, а и ретко кој родител би се согласил неговото штотуку родено бебе да се појави пред камера.
Во Titanic, можеше да се спаси и Џек
Сигурно се сеќавате на тажната сцена во Titanic, кога Џек и Роуз се во океанот. Во сцената, Роуз лежи на голема штица, а Џек е во водата. Фановите долго време дебатираат дека на штицата има место и за Џек, што значи дека неговата смрт беше непотребна.
Дебатата толку се разгори, што теоријата беше тестирана на популарната емисија Mythbusters. Водителите на емисијата направија штица со иста големина како во филмот, двајцата се качија на неа и поминаа 63 минути во вода – исто како Џек и Роуз. На крај, дојдоа до заклучок дека смртта на Џек е непотребна.
Тешко дека ќе преживеете пад од висок водопад
Колку пати сте изгледале сцена каде што ликовите скокаат од висок водопад во езерце или река, и не само што преживуваат, туку немаат ни гребнатина? Во повеќето случаи, тешко дека ова ќе се случи и во реалноста.
Постојат техники што можат да го ублажат ваквиот пад и колку-толку да го намалат ризикот од повреди или смрт, но во филмовите, ликовите најчесто скокаат од огромна висина, па шансите за преживување се скоро еднакви на нула.
Спирова С. | Црнобело