10-те најлоши празнични филмови на сите времиња
Продолженија што никој не ги побарал, лоши копии на популарни филмови, па дури и празничен хорор – кои се најлошите новогодишни филмови според рејтингот на Rotten Tomatoes?
Обично сите бараме предлози за добар филм, но неретко се случува да изгледаме нешто навистина ужасно. Бидејќи ги има многу, помеѓу бројните листи со добри празнични филмови, вреди да се направи листа и со оние најлошите.
Од Rotten Tomatoes имаат направено листа со празнични филмови кои имаат најниски оценки, односно помалку од 30% од можни 100%. Процентите го означуваат бројот на луѓе на коишто им се допаднал филмот.
Листата ја сочинуваат потполно непотребни продолженија на успешни филмови, „бледи копии“ на блокбастери и генерално, филмови кои најмногу ги разочарале критичарите и публиката.
На неа се наоѓаат 22 филмски наслови, а во продолжение можете да погледнете кои се првите 10.
Ако ги изгледавте сите добри, погледнете кои се најлошите празнични филмови на сите времиња:
The Santa Clause 3: The Escape Clause (2006) - 17%
Првиот филм The Santa Clause беше навистина добар и веројатно поради тоа се сними второ, па и трето продолжение. Но, дури и најголемите фанови на првиот дел ќе се согласат дека овој филм е ужасен.
Дејството на филмот е сместено 13 години после првиот дел, а главниот лик Скот Калвин, кој е Дедо Мраз, мора да го спречи негативецот кој сака да го уништи Божиќ.
Jingle All the Way (1996) - 15%
Главната улога во Jingle All the Way му припаѓа на Арнолд Шварценегер и не само што приказната е клише, туку и целиот филм како да нема смисла.
Шварценегер глуми татко кој е премногу зафатен и заборава да му купи божиќен подарок на синот, иако му ветува дека ќе му ја подари најновата играчка.
Сега тој мора да ја купи играчката во последен момент, но бидејќи е многу популарна, ја нема во ниту една продавница, па Шварценегер мора да ја бара низ целиот град.
A Merry Friggin‘ Christmas (2014) - 14%
Кој би рекол дека филм со Робин Вилијамс може да биде волку лош? Ова е комедија која нема ниту една смешна сцена и повеќе наликува на лошо реализирана божиќна драма.
Во филмот, главниот лик Бојд Мичлер со семејството оди да го прослави Божиќ во домот на неговите родители, но набрзо сфаќа дека ги заборавил подароците за неговите деца. Заедно со татко му, тој тргнува на пат да ги земе и мора да се врати назад пред изгрејсонце.
Black X-mas (2006) - 14%
Овој филм е неуспешен обид да се направи празничен хорор, во кој нема ништо друго освен многу крв.
Дејството се случува на Божиќ, а главниот негативец е убиец кој избегал од затвор и сега сака да се врати во домот од неговото детство.
Но, на местото каде што била неговата куќа сега има студентски дом за девојки, кои тој почнува да ги убива.
An American Carol (2008) - 12%
Филмот е адаптација на „Божиќна приказна“ на Чарлс Дикенс, но наместо на Божиќ, дејството е сместено на 4-ти јули. Поради инспирацијата за филмот, и тој е сместен во категоријата „празнични филмови“.
Главниот лик е режисер кој ја мрази Америка се обидува да му стави крај на празнувањето на 4-ти јули – најзначајниот празник на Американците.
На денот пред празникот, режисерот го посетуваат тројца духови (исто како во приказната на Дикенс) кои се обидуваат да му ја променат перцепцијата за неговата држава.
https://www.youtube.com/watch?v=J2BKVsjtnWs