За љубителите на фантазија: Филмови што ќе ви помогнат да избегате од реалноста
Кога сакате да заборавите на секојдневието и обврските, филмовите од жанрот фантазија се најдоброто нешто.
Овие филмови ви овозможуваат да побегнете во некој далечен свет и навистина да заборавите на сите ваши грижи.
Во продолжение погледнете неколку интересни предлози:
About Time
Ова е љубовна приказна во која има и патување низ времето. Главниот лик, Тим, сфаќа дека мажите од неговото семејство имаат способност да патуваат низ времето, и со тоа имаат моќ целосно да си го променат животот. Тим ја користи оваа моќ за да ја освои девојката од неговите соништа.
Monty Python and the Holy Grail
Штом зад филмот стои групата од Monty Python, тогаш дефинитивно е забавен. Овојпат, комичарите црпат инспирација од кралот Артур и неговите витези, кои се во потрага по Светиот Грал.
Филмот е стар повеќе од четири децении, но сè уште се смета за една од најдобрите комедии, а неговите реплики се цитираат и денес.
Pan’s Labyrinth
Овој филм е задолжителен за сите обожавател на фантазијата. Режисерот Гиљермо дел Торо црпел инспирација од бајките и народните прикази што ги слушал во детството, а крајниот резултат му донесе и Оскар.
Дејството на филмот е сместено во Втората светска војна и ја раскажува приказната на малата Офелија. Младото девојче сретнува мистериозно суштество, кое ѝ кажува дека таа треба да биде кралица на Подземјето.
Willy Wonka and the Chocolate Factory
Можеби сте го изгледале римејкот со Џони Деп, но треба да му дадете шанса постариот филм. Приказната сигурно ви е веќе позната – Вили Вонка е ексцентричен сопственик на фабрика за чоколадо, кој одлучува да ги отвори вратите на фабриката за неколку избрани деца.
Ова е филм направен за деца, но сигурно ќе ви го задржи вниманието без разлика на вашата возраст.