За љубителите на фантазија: Филмови што ќе ви помогнат да избегате од реалноста
Groundhog Day
Уште еден постар филм што се смета за класика, и тоа не само поради интересната приказна, туку и поради неверојатна изведба на Бил Муреј.
Неговиот лик е репортер кој е испратен во едно гратче за да направи репортажа за локален фестивал. Откако ќе се разбуди следното утро, тој сфаќа дека повторно е истиот ден како вчера. Истото се случува и наредното, но и утрото после тоа. Ликот на Бил е „заглавен“ во истиот ден и се обидува да најде начин да го промени тоа.
Еднаш режисерот изјави дека главниот лик бил „заглавен“ во истиот ден цели 10 години.
The Little Prince
Овој анимиран филм е можеби најдобрата адаптација на истоимената книга.
Филмот раскажува за девојче со навистина натрупан распоред, кое се спријателува со необичен пилот. Пилотот почнува да ѝ раскажува приказни од неговиот живот, вклучувајќи ја и онаа за Малиот Принц.
Edward Scissorhands
Ова е еден од поинтересните филмови на Тим Бартон, кој има многу необични ликови. Главната улога му припаѓа на Џони Деп – тој е момче по име Едвард кое наместо раце, има ножици. Плашејќи се дека ќе биде осудуван, Едвард живее сам во најморничавата куќа во градот.
Кога една жена ќе дознае на неговото постоење, почнуваат и необичните авантури на Едвард.
Big Fish
Уште еден филм на Тим Бартон кој нема да ве остави рамнодушни.
Главните ликови се Едвард Блум и неговиот син Вилијам. После многу години, Вилијам се враќа дома, но го пречекуваат со веста дека неговиот татко умира од рак.
Вилијам целото детство ги слушал неверојатните приказни од животот на татко му, од кои повеќето звучат нереално. Сега, тој се обидува да открие што е вистина, а што фантазија.
Спирова С. | Црнобело