Најголемите фаворити за Оскар низ годините на кои им беше „украдена“ наградата

Неретко, Оскарот за најдобар филм завршува кај филм што не бил фаворит на публиката, ниту пак на критичарите, но сепак, секој има различен вкус и секогаш некој ќе остане разочаран. 

najgolemite-favoriti-za-oskar-na-koi-im-beshe-ukradena-nagradata-01.jpg

Иако повеќето култни холивудски филмови имаат добиено номинација за Оскар, на голем дел, титулата им беше „украдена“.

Без сомнение, во некои години конкуренцијата беше навистина голема, но многумина ќе се согласат дека некои Оскари дефинитивно им припаѓале на други филмови.

Погледнете ги најголемите фаворити за Оскар низ годините кои не победија:

The Wizard of Oz

Година: 1940, 12-то доделување

Изгуби од: Gone With the Wind

Можеби Gone With the Wind е обожаван од критичарите, но приказната за девојчето кое сака да си замине од Оз и да се врати во Канзас не само што има подобри критики, туку е и многу попозната.

Речиси цел век подоцна, ова е филм за кој сè уште се зборува.

Citizen Kane

Година: 1942, 14-то доделување

Изгуби од: How Green Was My Valley

Дури и да не сте го гледале Citizen Kane, сигурно сте слушнале за него.

Овој филм е доказ дека воопшто не е потребен Оскар за да стане култен.

To Kill a Mockingbird

Година: 1963, 35-то доделување

Изгуби од: Lawrence of Arabia

Критичарите уживаа во Lawrence of Arabia, но The Kill A Mockingbird е филмот што го издржа тестот на времето. Овој филм неретко им е препорачуван и на учениците бидејќи одлично го прикажува справувањето со расизмот во судницата.

All the President’s Men

Година: 1977, 49-то доделување

Изгуби од: Rocky

Можеби приказната за Роки е класика, но All the President’s Men ни дава неверојатен увид во скандалот Вотергејт, кој резултира со оставка на американскиот претседател Никсон.

Star Wars

Година: 1978, 50-то доделување

Изгуби од: Annie Hall

Star Wars беше нешто невидено во свое време. Режисерот Џорџ Лукас бил убеден дека крајниот резултат ќе биде катастрофа, па заминал на одмор за време на премиерниот викенд на филмот.

Но, Star Wars стана култен феномен, а секој фан на серијалот ќе потврди дека ова е најдобриот дел.

Apocalypse Now

Година: 1980, 52-ро доделување

Изгуби од: Kramer vs Kramer

Ова е можеби најважниот филм на сите времиња. Наместо да ја слави војната како повеќето воени филмови, Apocalypse Now го прикажува нејзиниот ужас.

Филмот нема „остарено“ ни ден, па дури и денес да го гледате првпат, лесно ќе помислите дека е нов.

Е.Т.

Година: 1983, 55-то доделување

Изгуби од: Ghandi

Приказната за малиот вонземјанин е највлијателното дело на Стивен Спилберг.

Секој може да го поврзи E.T. со своето детство, но колкумина можат да кажат дека го изгледале Ghandi?

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg