Најголемите фаворити за Оскар низ годините на кои им беше „украдена“ наградата
Goodfellas
Година: 1991, 63-то доделување
Изгуби од: Dances With Wolves
Ако сакате „мафијашки“ филмови, нема да погрешите со Goodfellas. Ова е едно од многуте ремек-дела на Мартин Скорсезе и уште на никој не му е јасно како изгуби од Dance With Wolves.
Pulp Fiction
Година: 1995, 67-мо доделување
Изгуби од: Forrest Gump
Приказната за Форест Гамп е одлична, но не е ништо невидено. Pulp Fiction, од друга страна, како да поплочи нов пат во кинематографијата.
Со овој филм Тарантино само потврди дека е еден од најдобрите режисери во светот.
Fargo
Година: 1997, 69-то доделување
Изгуби од: The English Patient
Браќата Коен, заедно со легендарниот Роџер Дикинс, направија смешна, но насилна приказна што ретко ја гледаме на екран. Филмот е толку добар што инспирира и цела серија сместена во тој свет.
The English Patient, од друга страна, е веќе видена приказна за драматична љубовна афера.
Saving Private Ryan
Година: 1999, 71-во доделување
Изгуби од: Shakespeare in Love
Уште едно дело на Стивен Спилберг што го изгуби Оскарот. Saving Private Ryan ни дава неверојатен увид во Втората светска војна и со причина ќе остане запаметен како еден од најдобрите воени филмови на сите времиња.
Gangs of New York
Година: 2003-та, 75-то доделување
Изгуби од: Chicago
Песните и перформансот во Chicago дефинитивно се за пофалба. Но, не се ни споредува со Gangs of New York на Скорсезе и изведбата на Даниел Деј-Луис.
Овој филм за две противнички банди беше номиниран во дури 10 категории.
Brokeback Mountain
Година: 2006, 78-мо доделување
Изгуби од: Crash
Многумина веруваат дека темата на филмот (љубов помеѓу двајца мажи) е причината што не доби Оскар.
Сепак, секој се сеќава на Brokeback Mountain, а многумина воопшто го немаат ни изгледано Crash.
There Will Be Blood
Година: 2008, 80-то доделување
Изгуби од: No Country for Old Men
И двата филма се вистинско ремек-дело, па навистина е тешко да одлучите кој е подобар. Оскарот на No Country for Old Men е дефинитивно заслужен, но There Will Be Blood е најдобриот филм на Пол Томас Андерсон.
За жал, мораше да се натпреварува со навистина голема конкуренција.
Call Me by Your Name
Година: 2018, 90-то доделување
Изгуби од: The Shape of Water
Гиљермо ни раскажа навистина интересна бајка со The Shape of Water, но Оскарот му припаѓаше на Call Me by Your Name. Изведбите на Тимоти Каламет и Мајкл Стулбарг не оставија никого рамнодушен.
Спирова С. | Црнобело