15 филмови кои најмногу ја вознемирија публиката во последната деценија (2010-2019)
Одредени филмови имаат моќ да нè остават во многу прашалници, без спиење, во потрага по одговори… Полека ја привршуваме деценијата која донесе одлични филмски остварувања. Но се чини дека дел од нив силно ја потресоа и вознемирија публиката.
Кои 15 филмови во последната декада се издвоија како такви?
Under the Skin (2014)
Мистериозна млада жена заведува осамени мажи во вечерните часови во Шкотска. Од таму тие се пренесуваат во друга димензија каде што не служат за ништо друго освен како парче месо.
https://www.youtube.com/watch?v=NoSWbyvdhHw
Enter the Void (2010)
Оскар е млад Американец, дилер на дрога и зависник кој живее во Токио заедно со својата сестра Линда која работи како проститутка. Психоделичното дејствие започнува откако Оскар ќе умре и започнува неговиот живот по смртта.
The Babadook (2014)
Самохрана мајка и нејзиното дете се соочуваат со страв и параноја откако настаните од детската книга со наслов „Господин Babadook“ започнуваат да се манифестираат во нивниот дом.
Hereditary (2018)
Главата на семејството Греам умира, а нејзината ќерка и внуката полека започнуваат да ги откриваат семејните тајни, проклетствата и опасностите кои им се закануваат.
Midsommar (2019)
Млад пар патува во Шведска во посета на пријателот кој живее во рурално, изолирано место познато по летниот фестивал, но она што започнува како идиличен одмор завршува бизарно, со многу насилство во срцето на пагански култ.
& t=55sMelancholia (2011)
Животите на двете сестри Џастин и Клер се испреплетуваат кога откриваат дека планетата Земја ќе се судри со огромна друга планета наречена Меланхолија.
Sinister (2012)
Елисон Освалд е писател на крими романи кој нема хит повеќе од 10 години. Очаен за следниот бестселер тој открива бизарен, насилен филм кој открива смрт на едно семејство и се обидува да ја реши мистеријата.