Исполнет филмски викенд - 10 највлијателни филмови на деценијата
The New York Times го објави списокот на 10-те највлијателните филмови на деценијата кои го смениле лицето на забавната индустрија.
Не сите филмови се одлично прифатени од критичарите или публиката, но ова се филмови кои значително влијаеле на јавното мислење, предизвикале дебати, го отсликалe духот на едно време или го смениле начинот на којшто го гледаме светот.
Дали сте ги изгледале сите 10 највлијателни филмови на деценијата според New York Times? Доколку не, време е да го надоместите пропуштеното во претстојниот викенд
American Sniper (2014)
Во режија на Клинт Иствуд, филмот ја раскажува приказната за снајперистот Крис Клеј, поделувајќи ја американската публика. Додека едни сметаа дека промовира оружје, други тврдеа дека најдобро ја отсликува политичката ситуација поврзана со производството на истото.
Marvel’s Thе Avengers (2012)
Последната деценија се чини како најпрофитабилна за филмовите со супер херои, но ниту еден не предизвика толку внимание како обединувањето на Марвел хероите во саката Thе Avengers.
Blackfish (2013)
Голем број на документарни филмови истражуваат еколошки проблеми, но овој конкретно е насочен кон злоупотребувањето на китовите во SeeWorld. Јавноста конечно доби увид во работењето на големите компании, но и законите во државата кои се однесуваат на оваа проблематика.
;Bridesmaids (2011)
Навидум лесна комедија, Bridesmaids сепак ги смени „правилата на играта“ носејќи свежа, забавна приказна составена само од женска ликови, а Мелиса Мекарти ја направи една од најголемите ѕвезди на денешницата.
Frozen (2013)
Ова е анимираниот филм чија популарност апсолутно ја обележа деценијата, покажувајќи ја моќта на Елса, но и на жените генерално. Дизни направи и втор дел, а сценариото е обликувано според потребите на модерното време како што изјавија тие.
;