Исполнет филмски викенд - 10 највлијателни филмови на деценијата
Get Out (2017)
Филмот кој во основа е трилер помешан со мистерија според многумина крие уште слоевита приказна поврзана со расизмот во Америка. Дел од публиката на можела да одлучи дали филмот е во основа хорор или чиста сатира.
;The Hunger Games: Catching Fire (2013)
Во вториот дел од франшизата која брои вкупно 3 филмови, Кетнис Евердин ја продолжува својата борба против неправедниот систем на општествено уредување. Освен што го зацементира статусот на ѕвезда за Џенифер Лоренс, таа претстави нов архетип на жена во филмската индустрија, прикажана како храбра бунтовничка, наместо како беспомошна принцеза.
Moonlight (2016)
И покрај малиот буџет, филмот влезе во историјата на Оскарите како прв најдобар филм режиран од афроамериканец, разоткривајќи го систематскиот расизам кој траел со децении.
;Okja (2017)
Ова е првиот филм прикажан на големото филмско платно во Кан, а ја потресе индустријата со приказната за пријателството помеѓу една девојка и нејзината генетски модифицирана свиња.
Star Wars: The Force Awakens (2015)
J.J. Abrams ја презеде режисерката палка на сагата Star Wars, а овој филм е окарактеризиран како високо уметничко доживување, симбиоза на доброто старо ретро и пост-модерната уметност.
(О)Милена | Црнобело