10 најемотивни сцени од цртаните филмови кои и ден-денес умеат да нѐ расплачат

Емоциите се чудна работа. Тие може да бидат активирани од најнеочекуваните извори, вклучувајки ги и оние детските - цртаните филмови.

10-najemotivni-sceni-od crtanite-filmovi-koi-i-den-denes-umeat-da-ne-rasplachat 01 630x340.jpg

Ретко кој од нас не би се согласил дека анимираните филмови можат да бидат едни од најемотивните, па дури и како најдобрата изгледана љубовна драма, или пак прочитаната книга пишувана по вистинска приказна.

Голем број на испитаници навеле речиси идентични анимирани филмови чии сцени ги принудиле да заплачат.

Во продолжение ви наведуваме 10 од нив:

1. Смртта на мајката на Бамби / Bambi, 1942

Смртта на мајката на Бамби е широко сметана за една од најшокантните моменти во филмската историја, бидејќи ги воведува децата во концептот на смртта на родителот на начин кој претходно не се видел.

Без сомнеж, незаборавна сцена која распара безброј срца.

10 najemotivni sceni od crtanite filmovi koi i den denes umeat da ne rasplachat 02

2. Смртта на Муфаса / The Lion King, 1994 

Муфаса е еден од најдобрите татковци во историјата на Дизни филмовите, такашто сцената на која е прикажана неговата смрт дефинитивно, редоследно трауматизираше неколку генерации.

Моментот каде што малиот Симба го моли својот починат татко да стане е една од најисплаканите сцени воопшто до сега.

Многумина велат дека по кој пат и да го гледаат анимираниот филм, пред време се припремаат за „дотичната“ сцена, бидејќи солзите сами надоаѓаат.

10-najemotivni-sceni-od-crtanite-filmovi-koi-i-den-denes-umeat-da-ne-rasplachat-002.gif

3. Разделбата на слончето Дамбо од мајка си / Dumbo, 1941

Секој што го изгледал анимираниот Дизни филм од 1941 година, може да се сети на срцепарателната сцена каде омиленото бебе слонче по име Дамбо, ја наоѓа својата мајка затворена.

Нивната средба пламти со толку емоција, што може да ја растопи и „најледената, карпеста душа“.

10-najemotivni-sceni-od-crtanite-filmovi-koi-i-den-denes-umeat-da-ne-rasplachat-03.gif

4. Бабата ја напушта малата лисица / The Fox and the Hound, 1981

Неописливо тажен момент. Нажалените, коси очиња кои жално го гледаат автомобилот со старата вдовица, кој полека се оддалечува, ја заземаа најзапамтената сцена во овој анимиран филм.

Најмногу солзи на оваа „слика“ пролеале љубителите на животни.

10 najemotivni sceni od crtanite filmovi koi i den denes umeat da ne rasplachat 04

5. Смртта на мајката Диносаурус / The Land Before Time, 1988

Трогателната разделба на мајката диносаурус и синот диносаурус, исто така претставува една од сцените на кои не може да останеш рамнодушен.

Знаејќи дека умира, последните нејзини минути ги користи за да му помогне на својот син таканаречениот „Littlefoot’’.

Таа му дава важни информации за тоа како безбедно да дојде до Големата долина.

Низ оваа сцена никаде не е видлив стравот на мајката, туку единствено се чувствува нејзината загриженост за опасноста на нејзиниот син.

10-najemotivni-sceni-od-crtanite-filmovi-koi-i-den-denes-umeat-da-ne-rasplachat-05.gif

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg