10 најемотивни сцени од цртаните филмови кои и ден-денес умеат да нѐ расплачат
6. Исмејувањето и физичкиот напад врз Квазимодо / The Hunchback of Notre Dame, 1996
Анимираниот филм за судбината на Квазимодо важи како еден со најкомплексната приказна досега.
Добропознатиот главен лик, осудувaн и дискриминиран поради својот физички изглед решава да учествува на познатиот Фестивал, сакајќи да ја импресионира својата сакана Есмералда.
Иако тој има неколку светли моменти, кулминација настанува кога чуварите на Фроло ќе започнат да го маваат со домати и јајца и ќе ја свртат цела толпа на луѓе против него.
Овој анимиран филм е совршена кристализација на случајната суровост на која луѓето се способни кон оние кои ги сметаат за „послаби“.
7. Разделбата на Карл и Ели / Up, 2009
Петминутен, толку живописен времеплов кој го прикажува запознавањето, раѓањето на љубовта и сите убави и тешки моменти низ кои поминуваат единствените Карл и Ели.
Моментот на нивното присетување и воедно неговото опростување од Ели, важи за една од „најдораснатите сцени“ којашто ја содржи некој анимиран филм.
8. Опростувањето од Снежана / Snow White and the Seven Dwarfs, 1937
Сцената на соочувањето на малите седум неранимајковци со смртта на нивната драга Снежана спаѓа меѓу првите анимирани филмови со емотивна содржина од ваков карактер.
Засебното опростување на секој од нив и нивните горки, пролиени солзи, кои подоцна стануваат само минато, се едни од најтажните во Дизни епохата.
9. Жртвувачки потег / Lady and the Tramp, 1955
Сè уште можеме да го чуеме морничавиот вресок на Jок, додека го гледа неговиот пријател како лежи неподвижен на улица, под големото автомобилско тркало.
За среќа, стариот и мудар пријател брзо закрепнува и ги дочекува малите палавковци на Луна и Маза.
10. Ариел ја гледа „венчавката“ на Урсула и принц Ерик / The Little Mermaid, 1989
Со сигурност негативецот во оваа приказна, претставен како црн и страшен октопод со име Урсула, претставува ноќна мора за многу генерации.
Глетката каде што малата и борбена Ариел го гледа бродот како се оддалечува и всушност сфаќа дека сиот труд и пропаднал и се збогува со љубовта, претставува еден од најтрагичните љубовни моменти во анимираните филмови во кој многумина од гледачите се препознале.
Мила М. | Црнобело