Scarface и уште 4 популарни (и култни) филмови кои се римејкови
Знаевте ли дека Scarface кој е популарен и денес е римејк на филм од далечната 1932 година?
Сигурно и вие бевте изненадени кога дознавте дека некои од најпознатите филмови што сте ги гледале биле, всушност, римејкови на постари филмови.
Нема ништо лошо во модерни адаптации на исти приказни, но оригиналните филмови не треба да се заборават поради тоа.
5 популарни филмови кои се, всушност, римејкови на постари филмови:
Scarface (1983)
Улогата на Тони Монтана во филмот „Scarface“ е една од најпознатите улоги на Ал Пачино и тешко можеме да замислиме дуга личност која може да го долови неговиот карактер.
Вистинските познавачи на филмовите ќе ви кажат дека тоа веќе се случило во 1932 година, кога популарниот филмски гангстер го глумел Пол Мјуни.
Во оригиналната верзија која го носи истиот наслов - Scarface - неговиот карактер се вика Тони Камонте.
A Fistful of Dollars (1964)
Кога Серџо Леоне го направил својот прв вестерн, како инспирација му служел филмот на Акира Куросава „Yojimbo“ (1961).
Интересно е што познатиот јапонски режисер, пак, се инспирирал од холивудскиот филм „The Glass Key“ (1942).
You’ve Got Mail (1998)
Овој филм е романтична комедија во која праќањето мејлови игра голема улога.
Поради тоа, многумина мислат дека овој филм има оригинална приказна, меѓутоа, се работи за малку послободна адаптација на унгарска претстава насловена Parfumerie (1936).
The Upside (2017)
Кевин Харт и Брајан Кренстон се ѕвездите на филмот за пријателството помеѓу парализираниот богат маж и невработениот млад маж.
Овој филм е римејк на францускиот филм „Intouchables“ од 2011 година.
Some Like It Hot (1959)
Класичната комедија во која Тони Кертис и Џек Лемон се преправаат дека се жени музичари за да избегаат од мафијата е римејк на францускиот филм Fanfare d’amour (1931), со тоа што во оваа верзија ликовите се маскирани во жени, бидејќи не можат да најдат друга работа.
Ашера | Црнобело